Пипан: Пристапот ќе биде подобар во плеј-офот

На навивачите на МЗТ Скопје Аеродром не им е пријатен поразот од Работнички ниту на таков меч како во петокот кој ништо не одлучуваше за домашните, но тренерот Алеш Пипан смета оти тоа било само моментно опуштање, и во плеј-офот работите ќе бидат поинакви.



„Поразот од Работнички не е страшен. Сакавме да победиме, далеку од тоа дека не сакавме, но направивме премногу грешки и игравме слаба одбрана, посебно во првиот дел. Исто така клучен беше и слабиот пристап. Нема да биде така кога ќе се игра полуфиналето. Тоа ќе биде друга приказна. Фени Индустри е сериозен тим, против кој ако сакаме да победиме, ќе треба максимално одговорно да се пристапи кон дуелот“ - рече Пипан.

На дербито во петокот на трибините имаше само околу 500 луѓе, од кои речиси пола беа за гостинскиот тим. На претходната пресметка на овие два тима во новиот „Јане Сандански“, играна во февруари (тогаш прв тренер на МЗТ беше Александар Јончевски), се собраа 4.000 луѓе, бројка која доликува на пресметка на двата најтрофејни клуба во Македонија и екипи со најбогата традиција на меѓусебни дуели во екипните спортови кај нас. Словенечкиот стручњак не одговори директно на прашањето дали на тимот му недостасува поддршка од трибините.



„Јас дојдов подоцна, не знам точно што се случувало и што е проблемот“ - рече Пипан.

За Пипан не е добро што МЗТ ќе има една недела време за подготвување за полуфиналето, бидејќи тој паузата не ја гледа како одмор туку губење ритам.

„Цела недела ќе го чекаме следниот меч. По третпат сезонава ни се случува седум дена само да тренираме. Тоа негативно влијае на играчите, се губи натпреварувачкиот ритам“ - смета тренерот на „штрковите“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...