БАТЕ го запре залетаниот Баерн

Вистински хит по првите две кола е белорускиот БАТЕ Борисов. Оваа екипа покажа дека не е случајна нивната победа над Лил минатото коло. Одличната одбрана и снаодливоста во нападот беа причините за победата и над големиот Баерн на домашен терен. Неверојатни 3:1 стоеа на семафорот на стадионот во Минск.

Водечкиот гол за БАТЕ го постигна Александар Павлов на асистенција на Володко во 23 минута. Во второто полувреме прекрасна акција одработија Белорусите, а топката стигна до капитенот Ортиконов кој од пет метри без проблем го совлада Нојер. Баерн даде гол и тоа во последната минута преку Рибери меѓутоа надежта комплетно им ја "угаси" Ренан во третата минута од продолжението кога постигна гол за триумф на БАТЕ со 3:1.

Белорускиот шампион продолжи со изненадувањата во елитното фудбалско натпреварување. До лани немаше победа во Лигата на шампионите, а сега нанижа две по ред. Баерн ја прекина серијата од девет победи по ред во сите конкуренции. За вчерашниот кикс ќе мора да се "вади" против Лил следното коло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...