„Топчиите“ имаат рецепт за Бенитез

Горан Пандев и Наполи вечерва гостуваат во Лондон и по два месеца одново ќе ги одмерат силите со Арсенал, но овој пат во официјален меч од Лигата на шампионите. После стартните победи на двете екипи ова им е шанса да го зголемат збирот на бодовите и можност по 2. коло да избијат на врвот.

Самиот факт што Арсенал е лидер во Премиер-лигата, а Наполи е второпласиран во Италија е доволен доказ дека се работи за две екипи кои се во одлична форма и имаат квалитет за големи дострели во сезоната која што сè уште е некаде на почетокот. Добрите резултати од викендов кога беа забележани победи исто така се доказ дека денеска ќе се следи интересен натпревар, па останува да се види како добро познатите стратези ги подготвиле своите тимови.

МЕЧ КОЈ МОЖЕ ДА ОДЛУЧИ МНОГУ

Арсен Венгер има многу средби против Бенитез во Премиер-лигата, но ова е еден сосема поинаков меч бидејќи Шпанецот сега е на клупа на тим од Италија кој во своите редови има голем број искусни фудбалери.

„Ова е многу важен натпревар за нас. Дуелот со Наполи може да нè донесе на чекор од осминафиналето иако ова е само 2. коло. Сметам дека ние можеме да дојдеме до втората победа и доколку успееме во тоа тогаш сме на чекор од квалификување. Не би рекол дека ова е решавачка средба, но дефинитивно натпревар кој може да нè донесе до чекор од првото место во групата. Ако успееме да се справиме со нашиот ривал тогаш сме направиле голема работа“, вели менаџерот на „топчиите“, Арсен Венгер.

ДА СЕ ЗАДРЖИ ПОБЕДНИЧКИОТ РИТАМ

Рафа Бенитез, пак, по една година одново е на „Емирати“ во официјална пресметка со Арсенал. Со оглед на тоа дека знае како е да се игра на овој стадион, но знае и како треба за да се дојде до победа, ова е предзнак дека денеска ќе има што да се види. Горан Пандев, Гонзало Игуаин, Марек Хамшик... се доказ дека Наполи има квалитет да ги урне Озил и колегите. Потребно е само да се одигра на високо ниво 90 минути и во Неапол да се вратат со полна торба плен.

„Секојдневно зборуваме за овој меч. Знам како е да се води тим во Лондон и дефинитивно нè очекува тешка задача. Ние дефинитивно мораме да продолжиме со нашиот стил на игра и мораме да го следиме ритамот. Знам дека мораме да влеземе во овој меч максимално концентрирано и едноставно да притискаме уште од стартот. Арсенал не е противник кој може да се ’скрши’ за петнаесетина минути. Мораме да одиграме максимално ангажирано во текот на сите 90 минути и доколку го исполниме тоа резултатот ќе дојде“, коментира Бенитез.

Ремизираа пред два месеца

Арсенал и Наполи одиграа контролен меч пред два месеца. На 3 октомври во рамки на „Емирати купот“ средбата заврши со резултат 2:2. Наполи водеше по првото полувреме со головите на Инсиње и Пандев, а Жиро и Кошчелни стрелаа прецизно за израмнување.

На Пандев му лежи стадионот на Арсенал

Дека Горан Пандев игра одлично во Лондон, и тоа на стадионот на Арсенал доказ е и неговата форма која ја демонстрираше во август на „Емирати купот“. Тој постигна два гола на двете средби. Ако се земе предвид и неговата игра во саботата против Џенова, Бенитез едноставно мора да го има нашиот најдобар фудбалер во составот уште од стартот на средбата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...