Манчестер Сити ќе го запира Баерн

Победникот во ЛШ од лани денеска му гостува на Сити во Манчестер и бара нова победа на англиско тло

Пеп Гвардиола во Англија никогаш немал доминација. Против клубовите од Премиер-лигата секогаш имал тешки гостувања

Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите и првак на Германија, Баерн Минхен денеска гостува во Манчестер, но кај составот на Сити, кој пред неколку дена го претрпе вториот пораз во Премиер-лигата од Астон Вила. Мануел Пелегрини одново ќе се види со својот „омилен колега“ Пеп Гвардиола и ќе се обиде првпат да го испрати дома со пораз, а дали во тоа и ќе успее, ќе се види вечерва.

„БАВАРЦИТЕ“ ПОВАЖНИ ОД „ЃАВОЛИТЕ“

Лани Сити беше втор во Англија, но сезонава е на 6. позиција. Сепак, влогот пред дуелот со Баерн беше голем и Пелегрини одлучи да одмори дел од играчите. Се виде дека без Агуеро во нападот немаат доволно сила и дефинитивно Аргентинецот денеска ќе биде важен дел од играта на „граѓаните“. Тој сигурно ќе стартува во нападот против Баерн и негова задача ќе биде да го сруши Нојер.

„Овој меч е многу поважен за нас отколку тој со Јунајтед. Тоа беше локално дерби. Сега ни гостува шампионот на Европа и ние сакаме да го победиме. Ќе се обидеме да направиме сè што можеме за да дојдеме до победа. Ќе имаме тешка задача, но дефинитивно за нас овој меч е максимално важен. Дури овој дуел ни е и поважен од оној со Јунајтед пред десетина дена и доколку успееме да победиме тој триумф ќе биде со многу поголема вредност“, вели Фернандињо во име на своите колеги.

ВО СИТИ СО СТРАТЕГИЈА ЗА ПЕП

Што се однесува до Пелегрини, тој добро знае дека денеска ќе му треба и повеќе од 100 проценти од можностите на неговите фудбалери. Гвардиола е тренер кој му ја знае мерката на Чилеанецот, па затоа овој мора одлично да ги подготви играчите.

„Одлично го знам начинот на кој работи Пеп Гвардиола, но и начинот на кој неговите фудбалери играат. Не стравувам воопшто од Баерн Минхен. Пеп одлично го познава мојот стил на игра, но и јас неговиот. Знам дека ќе се обиде со различни нешта да нè запре, но и ние сме подготвени за неговиот стил и имаме контраигра. Знаеме многу за него, а деветте години кои ги поминав во Шпанија ми се големо искуство и дефинитивно можност за добра подготовка денеска. Сепак, моите момци треба да знаат една работа. Тоа е дека тие денеска нема да играат против Пеп Гвардиола туку против Баерн Минхен“, вели Пелегрини.

ГЕРМАНСКИОТ ФУДБАЛ НЕ Е ПОДОБАР ОД АНГЛИСКИОТ

Тој коментира и за изјавите кои многумина ги даваат дека германскиот фудбал во моментов го има поминато англискиот.

„Минатата година во финалето на ЛШ играа две германски екипи, но тоа не значи дека германскиот фудбал се наоѓа пред англискиот. Пред неколку години во финалето играа две англиски екипи, Челзи и Манчестер. Лани тоа беа германски. Тоа никако не може да биде параметар за квалитетот на лигите. Едноставно сите екипи што се во Лигата на шампионите имаат свои шанси и ние веруваме дека денеска ќе можеме да одиграме квалитетен меч и да го запреме актуелниот шампион“, изјавува менаџерот на Манчестер Сити.

ПЕП БАРА УШТЕ ПОСИЛНА ИГРА

Тренерот кој во една сезона со Барселона успеа да освои сè што може да се освои еден стратег, Пеп Гвардиола, денеска е пред нова интересна задача. Тој мора да тргне во налет за победа за првото место во групата и докажување дека е на вистинскиот пат со „баварците“.

„Работиме добро и имаме добри резултати, но мораме да бидеме уште подобри во многу сегменти од играта. Сè уште не сум комплетно задоволен од она како играме и доколку денеска сакаме да дојдеме до победата против Манчестер Сити мораме да прикажеме далеку повисоко ниво и многу повеќе квалитет отколку минатиот викенд во Бундес-лигата. Покрај тоа в сабота ни следи судир и со Баер Леверкузен, што значи дека овие неколку дена нè очекуваат две тешки средби“, коментира Гвардиола.

ОДБРАНАТА ПРОБЛЕМ ЗА СИТИ?

Домаќинот има одлични фудбалери во одбраната, но проблемот е во тоа што Пелегрини ги немаше сите играчи во топ форма во текот на подготовките. Еден дел од нив беа повредени и не можеа да работат постојано, а Компани и пропушти неколку средби. Дали тоа ќе се одрази и на играта, останува да се види. Дефинитивно и Компани и Настасиќ ќе имаат тешка задача.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...