Галата и Јуве во двобој за осминафинале

Првиот ден од последното коло од групната фаза денеска ќе донесе неколку интересни натпревари, но најголемото внимание дефинитивно ќе биде насочено кон Истанбул. Интересен ќе биде и мечот во Минхен, но таму е битка само за првото место во групата. Во Турција притисокот е кај двата тима бидејќи ќе се решава вториот патник од групата „Б“.

МАНЧИНИ САКА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПРИТИСОК

Со оглед на бројот на бодовите сосема јасно е дека Јуве е во мала предност бидејќи ќе може и со нерешено да дојде до пласман понатаму. Тоа отвора шанса за помирна игра, но проблемот е што главниот организатор на играта и движечката силна на Јуве, Андреа Пирло не е подготвен за игра.

„Јуве е одличен тим. Дефинитивно Пирло ќе им недостига, но ние не се залажуваме со овој факт бидејќи знаеме дека во екипата има уште неколку квалитетни фудбалери кои ќе знаат да го надополнат неговото отсуство. Тука се Видал, Маркизио и Погба, коишто се исто квалитетни. Со нив средниот ред е неверојатен. Она што е проблем за нас е фактот дека Јуве ќе биде задоволен и со нерешен резултат. Со реми нашиот против ќе се пласира понатаму. Затоа ние мораме да бидеме смирени и да одиграме фудбал без притисоци. Треба да излеземе на терен максимално убедени дека можеме да се пласираме понатаму. Играме пред својата публика, а тоа е предност. Сепак, знаеме дека во фудбалот може да се случи сè и затоа смирено го дочекуваме натпреварот“, вели тренерот на Галатасарај, Роберто Манчини.

ВО ЈУВЕНТУС НАОСТРЕНИ ЗА ПОБЕДА

Гостите, пак, се сигурни во своите можности и најавуваат позитивен резултат. Тие се убедени дека од гостувањето во Истанбул ќе се вратат како осминафиналисти.

„Ова ќе биде како финале за нас. Мотивирани сме максимално и нашата цел е да се пласираме во осминафиналето. Мислам дека имаме доволно сили и квалитет за да успееме“, коментира Киелини.

Со ова се согласува и еден од најефикасните во последниот период, Артуро Видал.

„Треба да излеземе на терен како злосторници и уште од почетокот да им покажеме со кого си имаат работа. Ако играме на вообичаеното ниво тогаш Галатасарај ќе нема како да нè совлада. Ние ќе бидеме во предност“, изјавува Видал.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...