Сити подготвен за предизвикот Барселона

Дербито на првиот ден од осминафиналните средби од Лигата на шампионите денеска се игра во Манчестер каде што Сити ја пречекува Барселона. За една од двете силни екипи нема да има место во следната фаза од натпреварувањето, и тоа е навистина лошо, но ждрепката беше немилосрдна, па сега ќе се види кој состав може да прикаже многу повеќе.

ПЕЛЕГРИНИ ГО ИМА РЕЦЕПТОТ

Несомнено е дека традицијата е на страната на Барселона, но за Манчестер Сити ова е огромен предизвик. Домашните ќе се обидат да направат чудо и на Пелегрини е да ги подготви своите момци. Тој има негативен биланс против Барселона, но денеска ќе се соочи со Тата Мартино, а не со Барса на Гвардиола.

„Ако сакаш нешто да освоиш, тогаш мора да победиш големи екипи. Резултатот кој го остваривме во последното коло од групната фаза ни даде огромна самодоверба. Се подобруваме од ден на ден и треба да продолжиме по патот кој го трасираме. Едноставно мораме да продолжиме да чекориме напред и не смееме да дозволиме да го намалиме темпото“, коментира менаџерот на Сити, Пелегрини.

Тој на средбата против Барса денеска сигурно нема да може да смета на Серхио Агуеро, кој е повреден. Покрај тоа тој е неизвесен за настап и на реваншот кој ќе се одигра на почетокот на март.

„Сè уште е неизвесно кога Агуеро ќе биде подготвен да се врати на теренот. Докторите ќе решаваат за него, а не можам ниту да потврдам ниту да негирам околу тоа дали Агуеро ќе игра на реваншот против Барселона“, вели стратегот на тимот од Англија.

ТУРЕ ПРОТИВ СВОИТЕ ПОРАНЕШНИ

Еден од играчите во составот на Сити веќе има играно во Барса и одлично ги знае противничките фудбалери. Јаја Туре токму од Барса дојде во Сити и одлично се снајде, па сега ќе може со своите поранешни да се соочи на теренот.

„Одлично ги познавам играчите на нашиот противник бидејќи додека играв во Барселона најголемиот дел од нив ми беа соиграчи. Знам дека се соочуваме со многу голем тим кој зад себе има огромна традиција. Неговите фудбалери одлично се познаваат и имаат голема хемија. Не сакаме да си ставаме притисок врз себе бидејќи се соочуваме со еден од најдобрите тимови во светот кој зад себе има огромен број вакви средби. Ние како тим се стремиме да го достигнеме она што го имаат Барса и Реал и свесни сме дека ни претстои многу тешка задача“, вели Туре.

ГОСТИТЕ УБЕДЕНИ ВО ПОЗИТИВЕН РЕЗУЛТАТ

Настапот на капитенот на Барса, Карлос Пујол е неизвесен, но тој е со тимот. Пујол одново заработи удар во коленото, и тоа против Рајо. Сепак, верува дека неговите колеги ќе знаат како до позитивен резултат во Манчестер.

„Започнува најинтересниот дел од сезоната кога сите натпревари се многу важни. Ние изигравме многу силен натпревар против Рајо Ваљекано и докажавме дека имаме нов раст на формата. Денеска ќе имаме тежок дуел со екипа во која играат многу квалитетни фудбалери. Сепак, ние сме Барселона и веруваме дека имаме свои шанси да дојдеме до добар резултат. Се наоѓаме во добра форма и сметам дека ќе успееме да бидеме уште подобри и да дојдеме до многу нови победи во важните натпревари“, вели капитенот на Барса, Пујол.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...