Мотивирани и со самодоверба на победа против Чешка

Македонските ракометари се наоѓаат на една победа од пласман на уште едно големо натпреварување. Во рамки од квалификациите за Европското првенство на едно коло до крајот во групата 6, Македонија и Чешка имаат по 5 бодови, така што неделниот дуел на двете селекции во Скопје ќе реши која репрезентација од овие две ќе го освои второто место зад Франција.

На денешната прес-конференција беа присутни селекторот Ивица Обрван и капитенот Кирил Лазаров.



- Во недела играме важен дуел за пласман на Европското првенство во Полска. Дуелот во средата со Швајцарија коректно беше одработен и без Кирил Лазаров, задоволен сум и сега сме полни со самодоверба што е добра основа за победа во последното коло против Чешка. Очекувам полна сала и помош од навивачите, како што тоа го имавме во Сент Гален во средата, рече селекторот Обрван.

Капитенот Лазаров на дуелот со Швајцарија во игра влегуваше само да ги шутира седмерците поради повредата што ја има, а за неделниот натпревар и неговото учество во него истакна дека ќе биде најсреќен да биде на клупа и да се радува на победата на репрезентацијата и со тоа да избегне ризик повредата да се влоши.

- Утрово првпат по Келн имав посериозен тренинг и на почетокот имав мала болка, а откако се загреав се чуствував подобро, рече Лазаров.

И на овој натпревар како и на претходниот, селекторот Ивица Обрван ќе може да смета на истите играчи кои конкурираа и за дуелот со Швајцарија во средата.

Натпреварот Македонија – Чешка се игра во недела во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 17:45 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...