Ноле подготвен за да биде шампион од Вимблдон

Новак Ѓоковиќ признава дека му биле потребни денови да го надмине поразот во финалето на Францускиот опен од Стен Вавринка, но инсистира дека е сосема подготвен за стартот на Вимблдон, каде што ја брани титулата.

Србинот намерно реши да ги избегне подготвителните турнири за гренд слемот на трева по поразот на Ролан Гарос во продолжените три недели помеѓу летните гренд слем турнири. Сега веќе нема време за одмор, и тој ја започнува одбраната против опасниот Германец Филип Колшрајбер во понеделник.



„Тоа финале во Париз беше најважниот меч оваа сезона за мене, но загубив од подобар играч. Париз сега е минато, тенисот ме научи да се движам бргу, да се ресетирам и да добивам нова мотивација“, вели Ѓоковиќ.

Тој ќе мора бргу да се соземе бидејќи по Колшрајбер го чека еден од двајцата тенисери кои последен пат играат на Вимблдон - Австралиецот Лејтон Хјуит или Финецот Јарко Ниеминен. Тој призна дека останаа „траги“ од неуспехот да ја комплетира гренд слем колекцијата во Париз.

„Трагите ќе траат подолго, но секогаш тренираш и мислиш на убавите работи, како каква лекција си научил. Сум покажал ментална и емотивна сила и се надевам дека пак ќе го демонстрирам тоа“, додава Ѓоковиќ.

МАРЕЈ ПОБАРА ПОМОШ ОД ПСИХИЈАТАР

Покрај Ѓоковиќ, најголем фаворит за титулата кај мажите е домашниот ас Енди Мареј, кој оваа година побара посебна помош од психијатар за да ги зголеми шансите за втора престижна титула. 28-годишниот Шкотланѓанец го победи Новак Ѓоковиќ за титулата во 2013, но има осум порази во низа од него и вели дека менталната предност му е потребна.



„Не користам спортски психолози. Ова е малку поинаку. Позаинтересиран сум да ги научам знаците за психичката стабилност и зошто умот работи така во одредени моменти. Се обидов да научам и да се сфатам самиот себеси малку подобро. Постои разлика помеѓу психијатар и психолог“, вели Мареј, кој го почнува турнирот против Казахстанецот Михаил Кукушкин во вторник.

СЕРЕНА НА ПОЛА ПАТ ОД ГРЕНД СЛЕМОТ

Дванаесет месеци откако имаше бизарен пораз на Вимблдон, Серена Вилијамс се враќа на Ол Ингланд клубот во обид по вторпат да комплетира „Серена слем“. Како носителка на титулите од УС опен, Австралискиот опен и Ролан Гарос, Американката е на седум победи од да биде актуелна шампионка на сите турнири, нешто што го оствари како 21-годишна девојка во 2003 година.

„Не би помислила дека во овој дел од мојата кариера ќе имам три гренд слем титули во низа. За мене тоа е целосно неверојатно. Имам еден ’Серена слем’ и блиску сум до уште еден“, изјави светската тенисерка број 1 по 20-тата гренд слем круна на Ролан Гарос.

За да успее во тоа ќе треба да избегне драма како во последниот меч на Вимблдон кога лани загуби од Французинката Ализе Корне во четвртфиналето. Само Штефи Граф (22) и Маргарет Корт (24) имаат повеќе гренд слем трофеи од неа.



Помеѓу 127-те тенисерки кои ќе се обидат да ја спречат Серена засега се издвојуваат само две - носителката на титулата Петра Квитова и петкратната гренд слем шампионка Марија Шарапова.

Квитова се повлече од подготвителниот турнир во Истбурн, но ветува дека ќе биде во најдобра форма на турнирот, додека како втора носителка, ја „избегнува“ Серена сè до финалето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...