Обезбедени три медали за македонските кик боксери на ЕП за јуниори и кадети

Македонските натпреварувачи на вториот ден од Европското првенство во кик бокс за јуниори и кадети кое се одржува во Сан Себастијан, Шпанија со победите над своите противници обезбедија најмалку три бронзени медали.

Хадис Рамадани во категоријата -67кг. лоу кик го совлада Стефано Цанцели од Италија со 2:1 во меч кој изобилуваше со размена на голем број на рачни и ножни удари.

Бобан Илиоски во категоријата -71кг. лоу кик го победи рускиот претставник Назад Пивнев со 3:0. Македонецот доминираше во сите три рунди како со техниката така и со физичката подготвеност.



Нашата единствена девојка Марија Божиноска во категоријата +70 кг кик лајт ја победи Карен Галах од Хрватска. Борбата беше прекината поради големата разлика во квалитет кога Галах направи недозволени движења.

Тројцата македонски натпреварувачи денеска ќе се борат за влез во финалето.

Рамадани ќе се сретне со Полјакот Дамиен Пискорез, Илиоски ќе има борба со Данило Ракитиќ од Србија, а Божиноска за противничка ќе ја има Марија Липка од Полска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...