Азаренка: „Умот не ми целосно тука!“

Викторија Азаренка, двократната гренд слем шампионка, која се повлече од турнирот во Вухан поради повреда на ногата, признава дека во 2015 има проблеми со менталната подготвеност. Поранешната светска тенисерка број 1 страдала од депресија во 2014 година, но додава дека на почетокот на сезоната се чувствувала „наполнета“, но серијата повреди значела дека таа не можеше да биде 100% подготвена на големите мечеви.



„Оваа година беше тешко, и тоа не само на терените. Имав многу добри искуства, но и многу фрустрации. Како умот да не ми е целосно во моментов. Размислувам малку понапред и не е лесно да се биде во сегашноста и да се даде максимум на турнирите. Но, сега е крај на годината, на тешката година и ми треба малку поголема мотивација“, вели Азаренка.

Белорусинката загуби од Доминика Цибулкова во 4. коло на Австралискиот опен, потоа загуби од Серена Вилијамс во третото коло на Ролан Гарос. Азаренка, пак, загуби од Серена во четвртфиналето на Вимблдон, а до таму стигна и на УС опен, губејќи од Симона Халеп.

„Морам да станам побрза и подвижна. Сега ме чека првата меѓу-сезона со тренерот Вим Фисет и ќе имаме на што да работиме. Сепак, најважно ми е да бидам стоотстотно фит во 2016“, додава Азаренка.



На неа не ѝ се допаѓаше споредбата со Јуџини Бушар, која успеа да се врати по менталните проблеми на УС опен, пред да добие потрес на мозокот.

„Па, јас не загубив 11 меча едноподруго, така што имам поинаква перспектива. Не сум во позиција да ја коментирам неа“, вели Азаренка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...