Шефот на Ред Бул ги откри причините за разделбата

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, верува дека Рено ќе можат да се натпреваруваат со Мерцедес и Ферари за две или три години. Иако со Рено освоија четири едноподруго двојни титули, Ред Бул ќе го раскинат договорот со француската компанија на крајот на сезоната по драматичниот пад на формата од стартот на хибридната В6 ера во 2014 година.

Иако Рено ќе останат во спортот како нови сопственици на Лотус Ф1, Хорнер верува дека слабоста на моторот ќе ги спречи да бидат сериозни ривали во блиска иднина.

„Од менувањето на правилата за моторите живееме во сосема поинаков Ф1 свет. Во моментов има два мотори со кои може да се борите за победи и за жал, Рено заостануваат. Најверојатно ќе бидат потребни две или три години пред да бидат во конкурентна позиција. Како корисник кој плаќа, ние не смееме да си дозволиме толку чекање“, вели Хорнер.

„Разводот“ со Рено е проследен со серија јавни омаловажувања и критики од двете страни, што од друга страна ги разубедува Мерцедес и Ферари на поранешните шампиони да им понудат мотори и покрај инсистирањето на сопствениците на Ред Бул дека ќе заминат од спортот доколку не можат да најдат конкурентни мотори за 2016.

„Сегашната ситуација е критична, бидејќи седиме тука без мотор. Се сомневам дека нашите критики ги разубедуваат ривалите. Можеби сме виновни што сме искрени, но на крајот Дитрих Матешиц ја плаќа сметката“, додава Хорнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...