Сите се во опција за Барселона

„Сите се во опција за Барселона“, е последната информација која доаѓа од таборот на македонскиот првак Вардар. Главниот дефанзивец Илија Абутовиќ, кој го пропушти првиот натпревар, Стојанче Стоилов, кој месец дена паузираше поради повреда на рамото, исто така е назад во тимот, како и Петар Ангелов, голманот кој поради дисторзија на скочниот зглоб ги пропушти последните два натпревари на екипата. Сите се во полн тренажен процес и стандардно се подготвуваат со другите соиграчи за реванш натпреварот со европскиот првак Барселона, закажан за в недела, во „Јане Сандански“.

Лекарскиот тим успеа експресно да го рехабилитира Абутовиќ и да го стави во ред проблемот со повредата на рамото. Стоилов претходно беше најавено дека ќе се врати за Киелце, но се чини дека кружниот напаѓач е веќе доволно подготвен да биде во игра и оваа недела. Две информации, кои и тоа како се важни, особено за одбранбената линија на нашиот шампион.

Тоа значи дека со исклучок на Александар Деверен, кој до крајот на сезоната е надвор од игра, шпанскиот стратег на Вардаровата клупа Раул Гонзалез може мирно да работи на тактиката која ќе му донесе позитивен резултат во новата средба со бранителот на титулата во ЛШ, со оглед на тоа дека на располагање ги има сите играчи. На него ќе остане само онаа „слатка мака“ да одлучи на кои играчи ќе им ја даде довербата и кои 16-мина ќе истрчаат на теренот викендов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...