Две нови врвни засилувања за ЖРК Вардар

Македонскиот женски ракометен шампион Вардар од следната сезона во својот состав ќе ги има Норвежанката Камила Херем и Французинката Александра Лакрабер, потврдија „црвено-црните“ преку клупската веб страна.

Херем е една од најдобрите ракометарки на Светскиот првак Норвешка и беше втор стрелец во редовите на Норвежанките на последното СП со 38 гола на девет меча. Таа настапува на левата крилна позиција, додека Лакрабер ја засилува позицијата на десен бек во Вардар

Договорот на Камила Херем со Вардар е со важност од две сезони, а Лакрабер треба да остане најмалку една сезона, со можност за продолжување.

Вардар е првиот спортски клуб од Македонија што успеал да ангажира ракометар од Скандинавија, покажувајќи дека и македонските клубови се интересни за спортистите од Скандинавија.



- Вардар надминува некои табуа, па ние сме прв клуб од Македонија што успеал да ангажира ракометарка од Норвешка. Секако дека сме горди што спортистка со вакви квалитети и успеси зад себе одбра да биде наш член. Александра е дел од Французинките кои беа и се дел од нашиот клуб. Вардар станува примамливо место за секој врвен спортист кој има амбиции да биде во самиот европски врв, исто како што и ние сакаме да стигнеме до него. Очекуваме Камила и Александра брзо да се вклопат во нашиот систем на играње и да се радуваме многу успеси за време на нивниот престој во Скопје, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Левото крило Херем доаѓа од тимот на Холстебро, од Данска, со кој годинава настапува во Челинџ купот на ЕХФ и 10 сезони едноподруго настапуваше во Лигата на шампионите. Зад себе има медали од Олимпијади, ЕП и СП. Последниот освоен беше златото на СП во Данска во декември 2015 година. За репрезентацијата на Норвешка има одиграно 174 настапи, постигнато 448 гола и освоено вкупно осум медали со репрезентацијата.

Доаѓањето во Вардар за неа ќе претставува враќање на големата сцена и шанса за освојување на најпосакуваниот трофеј. Таа веќе се запозна со нашиот клуб и има само најубави зборови.



- Да имате можност да играте за Вардар е нешто што се почитува. Тоа е еден од најдобрите тимови во Европа во последниве години, а јас се уште имам високи амбиции и за освојување титули и за личен напредок. Мојот агент и јас бевме во Скопје и бевме импресионирани од сите услови кои тимот ги нуди. Изгледа дека сѐ е овозможено за играчите да можат да се развиваат и да играат. Едвај чекам да се преселам во Скопје и да го запознам градот и луѓето, особено фантастичните ракометни навивачи кои ги имате, вели Камила Херем.

Александра Лакрабер е француска репрезентативка која настапува на десната бековска позиција. Лакрабер игра во Ница веќе втора сезона и прикажува фантастични партии. Таа е втор стрелец во француското првенство сезонава, со 78 гола во 12 меча, или 6,5 по натпревар. И таа има искуство во ЛШ, со екипата на Звезда Звенингород, а вкусот на медал на големите натпреварувања го почувствувала двапати, бронза на ЕП 2006 година и сребро на СП во 2011 година. Вели дека слушнала одлични зборови за Вардар и дошла да си ги исполни амбициите.



- Многу сум среќна и горда што имам можност да дојдам во Вардар. Според мене, Вардар е еден од врвните клубови во Европа, кој може да ја освои Лигата на шампионите. Зборував со моите пријателки кои играа во Вардар и ми кажаа колку професионален е клубот и дека неговите амбиции се совпаѓаат со моите, истакна Лакрабер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...