Гонзалез: Можност за проверка на формата

И покрај сите случувања кои не се поврзани на спортски план, Вардарци веќе утре против Борац (20 ч) во меч од СЕХА лигата, ќе ја имаат својата премиера во новата година. Тимот, рано изутринава во 05:00 часот тргна за Босна и Херцеговина, а на терен ќе се појават со надеж дека ќе ја продолжат својата победничка серија. Воедно, овој натпревар, односно еден ден подоцна против Нексе ќе послужат како одлична можност за подигање на формата пред мечот со Рајн Некар Левен.



„Нè очекува долг пат, но овие два натпревари ќе бидат навистина добри. Тие ќе ни послужат за да ја провериме, односно подобриме формата во која се наоѓаме. Штербик ќе биде поштеден бидејќи имаше голем број средби на ЕП, па затоа на голот ќе ги имам Милиќ и Ангелов и тоа ќе биде одлична можност да се провери во каква форма се. Марсениќ, Циндриќ и Карачиќ ќе допатуваат дојдат дирекно во БиХ каде што ќе одработиме еден тренинг. Единствен проблем е патувањето бидејќи веднаш по мечот со Борац, седнуваме во автобус и одиме во Хрватска на Нексе“, истакнува тренерот на Вардарци.

По овие две средби, за Вардарци ќе следува и она главното. А тоа е натпреварот со Рајн Некар Левен, идниот четврток, и тоа на гостински терен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...