Металург според планот

Хокеарите на Металург остварија две победи и еден пораз на третиот турнир од Балканската лига, кој викендов се одржа во Суботица. Македонскиот тим број еден, кога станува збор за овој спорт, вчера беше подобар од Вукови Сараево со 8:3. Ден пред убедливата победа над тимот од Босна и Херцеговина славеа над Славија Софија, и тоа преку подобро изведените пенали.

Стрелци во убедливата победа над клубот од Босна и Херцеговина беа Атанасов и Урбас со по два погодоци, како и Децковски, Ташевски, Внук и Мијушковиќ.

Втората победа беше остварена над Славија Софија, по подобро изведување пенали, откако во регуларниот тек натпреварот заврши 5:5. Во пенал-рулетот на сцена стапи голманот на „пиратите“ Владе Илиевски, кој одбрани два удари, од друга страна Металург преку Децковски и Атанасов дојде до целиот плен.

Претходно, македонскиот состав во првиот меч од турнирот во Суботица загуби од домаќинот Спартак со 12:6.

По крајот на третиот турнир од БАХЛ, Спартак Суботица е на врвот со 20 бодови со максимален ефект, додека Металург е на втората позиција со 15. На третото место се Вукови Сараево со 9 поени, додека последнопласирани се и на последната позиција е Славија Софија со три бода.

Следниот турнир од ова регионално натпреварување ќе се игра од 11 до 13 март во Софија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...