Мареј контра Ѓоковиќ

Енди Мареј влезе во напад на неговиот колега и голем ривал Новак Ѓоковиќ околу еднаквите наградни фондови на машките и женските турнири. Ѓоковиќ се извини за своите коментари дека мажите треба да заработуваат повеќе бидејќи нивните мечеви се поинтересни, велејќи дека „не се изразил најдобро“, откако темата ја почна директорот на Индијан Велс, Рејмонд Мур, кој подоцна си даде оставка.

Мур претходно изјави дека тенисерките треба да „паднат на колена“ и да се заблагодарат за Роџер Федерер и Рафаел Надал за тоа што донеле пари во спортот. Мареј не се согласува и во исто време ги нападна Ѓоковиќ и Серхиј Стаховски, Украинецот кој има слично мислење за парите во спортот.

„Секој смее да има свое мислење. Новак кажа дека ако жените продаваат повеќе билети, тогаш треба да заработуваат повеќе. Но, на ваков турнир, ако Серена е на главниот терен и имаш машки меч со Стаховски, тогаш сите ќе ја гледаат Серена. Публиката доаѓа да гледа и женски тенис. Сè зависи од мечот. Машкиот тенис има среќа со играчите во последните 10-тина години, и тоа е ОК, но целиот тенис треба да профитира, не само тенисерите“, вели Мареј.

Британецот исто така смета дека коментарите на Мур биле со намерен тајминг, пред женското финале на Индијан Велс помеѓу Викторија Азаренка и Вилијамс.

„Мислам дека треба да има 100% еднаквост на сите комбинирани турнири. Тајмингот беше чуден, пред големо женско финале на кое имаше 16.000 гледачи. Навистина разочарувачки“, вели Мареј.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...