Георгиевски: Шанса што не смееме да ја пропуштиме

Македонските сениорски репрезентативци ги „запалија“ моторите, вчера одработеа еден тренинг, а попладнето беа слободни. Екипата сè уште не е комплетна. Се приклучи Влатко Митков, а денеска се очекуваат и Никола Митревски, Велко Маркоски, Дејан Манасков и Столе Стоилов. По ова ќе се состави и екипата што ќе патува за Гдањск.

„Полека влегуваме во репрезентативен ритам“, вели крилото на Тулуз, Гоце Георгиевски. „Пред нас е голема шанса. Една таква пропуштивме, знаеме што значи тоа и не сакаме да се повтори. Ова е шанса каква што којзнае дали друг пат ќе добиеме. За добар дел од репрезентацијата сигурно е и последна можност да настапат на Олимписки игри“, вели Георгиевски.

„Групата на прв поглед изгледа примамливо, но сигурно нема да биде лесно да се стигне до Рио. Знам дека најголемиот дел од фановите го гледаат Тунис како решавачки противник, но јас мислам дека можеме да парираме и на Полска. Го видовме тоа на ЕП, таму бевме рамноправни, зошто сега да не биде така, па и подобро за нас. Во секој случај, на сите три натпревари ќе одиме на победа. Се надевам дека на последниот ден, со Чиле ќе треба само да го потврдиме настапот на ОИ“, изјави Георгиевски.

Гоце Георгиевски – Џомба игра сосема солидна сезона во дресот на францускиот Тулуз, под водство на Филип Гардо.

Гоце Георгиевски има 29 години и е дел од генерацијата која теоретски би можела да брка пласман и на ОИ Токио 2020, но желбата е да не се пропушти оваа шанса.

„Навистина би сакал Македонија еднаш да излезе со бројна делегација отворањето на Олимписки игри. Тоа би можеле да го оствариме сега и ќе направиме сè за да се пласираме во Рио“, искрен е леворакиот ракометар.

ОТПАДНА ФИЛИП ЛАЗАРОВ

Од списокот на патници за Гдањск, дефинитивно отпадна Филип Лазаров. Тој сè уште е во фаза на рехабилитација и ќе му бидат потребни, најмалку уште десетина дена за враќање на терен, така што во овој момент не е во можност да ѝ помогне на репрезентацијата.

„Почнавме со тренинзи, работиме малку и индивидуално, не се сите играчи на исто ниво, некои имаат помала, некои подолга пауза па се трудиме тоа малку да го надополниме. Битно е дека се сите здрави, со исклучок на Лазаров, кој нема да биде во можност да ни помогне на оваа акција. Митков ни се приклучи, денеска ги очекуваме и Митревски и сехалигашите, па така од утре стартуваме комплетни и со анализа на противниците со кои ќе играме во Гдањск“, изјави селекторот на македонската репрезентација Ивица Обрван.

Патувањето за Гдањск е закажано за в четврток, а в петок македонската репрезентација ќе го одигра првиот натпревар. Противник е Полска, а в сабота силите ќе ги одмериме со Тунис. Последната средба ќе ја играме в недела против Чиле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...