Заврши олимпискиот сон за македонските ракометари

Гдањск, 9 април 2016 (МИА) - Машката македонска ракометна репрезентација го заврши својот сон за настап на Олимписките игри во Рио летово.

Со поразот од Тунис 26-32 во вториот квалификациски меч во Гдањск, репрезентацијата на Македонија ги загуби сите шанси да се пласира на Олимпијадата.

Очајниот почеток на натпреварот особено во првите петнаесет минути во кои Тунижаните постигнаа 10, а нашите ракометари само три гола (сите на Лазаров) го навестија конечниот епилог на овој меч.

Противникот на полувремето замина со седум гола предност (10-17) кои во вториот дел успеа рутинирано да ги сочува, за на крајот да се радува на победа со конечни 32-26 за втор триумф во квалификациите и пласман на Олимпијадата.

Бадијала беа осумте гола на капитенот Кирил Лазаров кога оваа генерација на македонски ракометари ја пропушти и втората шанса (можеби и последна за многумина од нив) за учество на најголемиот светски спортски настан.

За Македонија останува уште утрешниот натпревар против Чиле, селекција која вечерва игра против домаќинот на овој турнир Полска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...