Нема време за размислување, новиот селектор почнува со работа

Двата натпревара на Македонија со Чешка, по кои подобриот ќе се пласира на мундијалот во Франција (јануари 2017) се закажани за 11 јуни во Чешка и 15 јуни во Скопје. Дваесетина дена од сега, но календарските пресметки не се во прилог на тоа што треба да се сработи до тогаш.

Само десетина дена има пред себе Лино Червар во склопување на репрезентативниот мозаик, испраќање на поканите за настап во репрезентацијата и, конечно, свикување на првиот собир.

„Нема да имаме многу време за подготовки пред дуелот со Чешка. Ги разгледувам термините кога завршуваат првенствата низ Европа. Ние, практично, репрезентацијата ќе имаме само четири-пет дена пред првиот натпревар. Германија завршува на 6 јуни, другите се исто во тој период, додека стигнат се средат. Нема да има време“, вели Червар.

Тоа, пак, од друга страна значи дека наскоро ќе мора да биде и списокот и датумот за старт на подготовките.

„Подготовките, најверојатно, ќе ги почнеме на втори јуни. Имам право на 28 играчи за оваа акција и тоа ќе биде убава можност да проверам повеќе играчи, да видам како функционираат како тим. Ракометарите од домашното првенство, интернационалците кои ќе немаат обврски тие ќе бидат први на подготовки. По тоа кому како ќе му завршуваат обврските ќе се приклучува на тимот. Ќе имам доволно време за да одлучам со каков тим ќе одиме на првиот натпревар во Злин. Списокот од 28 играчи, ќе биде објавен следната недела“, изјави Червар.

На прес-конференцијата најави дека да не очекуваме големи изненадувања за првиот список...

„Ниту има време ниту потреба од експериментирање. На ниту еден играч не му е затворена вратата. Јас ќе ги повикам сите за кои сметам дека можат да помогнат. Тука се Митревски, Ристовски, Лазаров и Лазаров, Мојсоски, Миркуловски, Маркоски, Јоновски, Прибак... Нема да има многу отскокнување од тоа што беше досега. Потребно ќе биде да ги освежиме, мотивираме за настап“, изјави новиот селектор.

Квалификациите за ОИ беа ултимативно најважниот момент во репрезентативните кариери, но не отиде како што треба работата...

„Да се разбереме, настап на Светско првенство во Франција воопшто не е мала работа. Настап на Европско првенство во Хрватска исто така не е мала работа. Мотивација за настап на вакви натпревари не смее да биде ни најмал проблем. Сметам дека со помош на поискусните играчи ќе успееме да ја минеме оваа пречка. Мораме да покажеме дека ракометот и натаму е спорт број еден. Мораме да го одржиме тоа ниво. Сè друго е повторување од тоа што го кажав на прес--конференцијата“, изјави Червар.

МОЈСОСКИ И МИРКУЛОВСКИ ОСТАНУВААТ НА СВОЕ

Лино Червар, на дуелите со Чешка за прв и последен пат во улога на селектор ќе ги има на располагање двата ракометара кои порано ги ословуваше како перјаница на Металург. Миркуловски останува на својот став дека овие дуели ќе бидат последните во неговата репрезентативна кариера.

Наумче Мојсоски веќе се поздрави со соиграчите во Гдањск, но секако тоа не е начин на кој би требало да ја заврши кариерата. Сè уште размислува дали воопшто и да заигра против Чешка. Тука телефонскиот повик од Лино Червар би можел, односно би требало да биде пресудниот момент. Ќе видиме како ќе биде.

Што се однесува до другите ракометари, генерални никој друг во моментов не размислува за повлекување од репрезентацијата, па така нема да има проблем новиот селектор сега да склопи тим, доволно добар за уште еднаш да им ја загорчи работата на Јан Филип и Даниел Кубеш. Тие, пак, веќе го одредија тимот, со тоа што оставија две празни места во случај Филип Јиха или Павел Хорак да решат да настапат. Ако тие не играат, тогаш Мартин Галија и Јан Собол ќе бидат 15 и 16 играч. За разлика од претходните дуели, им се враќаат два бека кои тогаш беа повредени. Тоа се левиот бек Роман Бечвар од Емпор Рошток и десниот бек Милан Шкварил од Плзен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...