Утре првиот список на репрезентацијата

Лино Червар својот прв селекторски потег во Македонија ќе го одигра утре. Хрватскиот стратег го одреди четврток како ден кога ќе го соопшти својот прв избор на играчи за јунските квалификации, двата натпревара со Чешка кои решаваат за пласман на СП Франција 2017 година.

Се работи за поширок список, листа на која ќе се најдат 28 ракометари, а Червар на прес-конференцијата при неговата промоција најави дека на првиот избор нема да има големи изненадувања.



Но, веројатно дека токму со овој список ќе почне реализацијата на планот за идниот изглед на репрезентацијата. Меѓудругото, Лино Червар е доведен и за да ја спроведе трансформацијата, односно смената на генерацијата. Можеби нема уште веднаш да почне со бришење на големите имиња, но во секој случај играчите кои сега нема да се најдат на списокот, тешко дека и во иднина ќе ги има предвид.

И обратно, тие кои досега не биле, а сега ќе се во конкуренција, со сигурност ќе добијат можност да се борат за место во тимот во времињата што доаѓаат.

Останува да видиме каков ќе биде првиот избор на новиот селектор на македонскиот тим, па по тоа ќе можеме да повлечеме паралела со тоа што го одработи неговиот претходник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...