Вардар и годинава ќе се размине со ПСЖ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди носителите за ждрепката во квалификациите и главната фаза од натпреварувањето од Лигата на шампионите. Мали, би рекле козметички измени има од минатата сезона, но одново сме на прагот на комплицирана и долга сезона во која еден „кикс“ би можел да се покаже и како решавачки, остварување на крајната цел, во случајот на Вардар тоа е пласман на фајнал-фор турнирот во Келн. Металург нема такви амбиции, за „сино-белите“ од Автокоманда целта ќе биде да ги внесе младите ракометари во светот на елитниот ракомет.

ВЕСПРЕМ ИЛИ РНЛ, БАРСА ИЛИ КИЕЛЦЕ

Втора година по ред македонскиот првак е во третиот шешир, одново во друштво со тимот на ПСЖ. Тоа е добро затоа што значи еден супер тим помалку во конкуренцијата за пласман во првата елиминациска фаза.



Промена има горе на врвот, каде што Веспрем ја истисна Барселона и сега унгарскиот тим заедно со Рајн Некар Левен ја сочинуваат годинешната пол-позиција.

Од вториот ред стартуваат Барселона и Киелце и тоа се четирите противници од кои треба вистински да се стравува или подобро кажано против кои ќе треба да се брка позиција која би носела полесни противници на патот кон Келн.

Веспрем или РНЛ, Барселона или Киелце. Само еден противник би значел полесен пат, а тоа е Рајн Некар Левен. Не само затоа што во 10 од 10 би го одбрале првакот на најсилната лига во однос на Веспрем, Барселона и Киелце, туку и поради фактот што играње со РНЛ значи избегнување на Флензбург и добивање на Пик Сегед за противник од шестиот шешир.

Има уште неколку такви комбинации низ ЛШ сезонава.

 

Во иста група ќе бидат Веспрем и Флензбург, Пик Сегед и Рајн Некар, Киелце и БГК Мешков, Барселона и Висла Плоцк.

На крајот, големата разлика ќе ја направи шестиот шешир. Таму е сместен третиот германски тим, а тоа е Кил. Тие се заедно со Кристијанштад. За оваа екипа не важи правилото дека нема може да игра во иста група со германски тим. „Зебрите“ се тие кои ќе ја направат едната група „пеколна“, се надеваме дека тоа нема да биде групата во која ќе игра Вардар.

Како и да биде распоредот на екипите во ждрепката, воопшто не се сомневаме дека Вардар ќе мине во следната фаза. Но, за остварување на крајната цел, потребно е да се освои првото место во групата. Единствено тоа место гарантира полесни противници низ елиминациите.

Евентуалното второ место во 1/4 финалето го носи третополасираниот од другата група (лани Флензбург). Нормално, под услов подоброрангираните да одат според планот. Евентуалното трето место, како што беше пласманот на Вардар лани, во 1/4 финалето го носи второпласираниот од другата група. Лани тоа беше Веспрем. Затоа е исклучително важно да се биде прв.

МЕТАЛУРГ БЕЗ ЖЕЛБИ И АМБИЦИИ

За разлика од лани, кога во играа беа Војводина, Татран, БГК Мешков и Металург, годинава само македонскиот тим е претставник на СЕХА лигата во Ц/Д групите. Горење и Татран ќе играат во квалификациите, па не е исклучено еден или двата тима и да стигнат до ЛШ. Засега, Металург нема да „стравува“ од тоа Лигата на шампионите да му личи на СЕХА лига, само со поголеми трошоци.

Данскиот Тим Холстебро е единствената екипа со која Металург со сигурност нема да игра. И тоа и не е така лошо.

Ла Риоха и Нант се во првите два шешира, што вели дека ќе има барем еден атрактивен противник во Скопје. Очекувано, ЕХФ во исти шешир ги смести, Мотор Запорожје и Чеховские медведи, со што се заштити и себе и нив од можните компликации кои би настанале кога на терен треба да излезат екипи од завојуваните Русија и Украина.

Металург уште ќе „бира“ и меѓу Бешикташ и Монпеље и Динамо Букурешт и Елверум. Групите ќе бидат надополнети со победниците од квалификациите.

За Металург кој нема големи резултатски амбиции во ова натпреварување секој противник е добредојден. Што попознат и позвучен, тоа подобро.

МЕТАЛУРГ СТАРТУВА ДОМА, ВАРДАР ГОСТУВА

Поради правилото два тима од иста земја да не можат и да играат меѓусебе, познати се неколку парови во првото коло. Новиот европски првак, Киелце, во првото коло ќе гостува во Белорусија, а Барселона на стартот ќе гостува во Плоцк.

Веспрем во првото коло ќе игра на гости кај Флензбург, додека Дејан Манасков дебито во Лигата на шампионите за Рајн Некар ќе го има на гости во Сегед.

Вардар Лигата на шампионите ќе ја почне на гостински терен и тоа (најверојатно) против Целје/Кадетен или Кристијанштад/Кил.

Металург во првото коло ќе игра на домашен терен, а евентуалните противници ќе му се Ла Риоха/Нант, Динамо/Елверум или некој од квалификантите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...