Серена и Мареј победија пред да пристигне дождот

Мечот беше далеку поконкурентен отколку што покажува резултатот, откако 27-годишната Садиковиќ покажа дека не го заборавила тенисот.

„Никогаш не потценувам никого. Мечот беше навистина добар, но не многу потежок од очекувањата. Очекувам сите да играат најдобро што можат. Почнав бргу и тоа е тоа“, изјави Вилијамс, која сега игра со сонародничката Кристина Мекхејл.

Садиковиќ се повлече од тенисот во 2014 година, но беше инспирирана да направи кам-бек од сонародничката Тимеа Бачински.



„Секогаш врескам на моите грешки и одам до максимум, така што ништо не е сменето“, изјави Швајцарката, која на турнирот влезе преку квалификациите.

МАРЕЈ НЕМАШЕ ПРОБЛЕМ СО СОНАРОДНИКОТ

Вториот носител и шампион од 2013 година, Енди Мареј влезе во второто коло со едноставна 6:2/6:3/6:4 победа над сонародникот Лајам Броуди, кој е 235. на АТП листата и доби вајлд-карта за настап. На Мареј му беа потребни само 1 час и 42 минути за да обезбеди дуел со Тајванецот Јен-Хсун Лу, кој со 6:4/6:1/6:4 го победи Русинот Александер Кузнецов.

Мареј немаше играно со сонародник во претходните 56 меча на Вимблдон, додека последен меч меѓу двајца Британци на Ол Ингланд клубот беше пред 15 години. Шкотланѓанецот призна дека се чувствувал „чудно“, но тоа не го покажа на теренот освојувајќи го првиот сет за само 25 минути. Мечот го комплетираше со поглед на темното небо над Лондон, кое донесе дожд и одложување на голем број мечеви.

„Тој беше подобар како што се движеше мечот. Атмосферата беше поинаква, но сеедно, јас сакав да победам“, вели Мареј.

ДЕЛ ПОТРО, КОНЕЧНО, НА ГРЕНД СЛЕМ

Четвртиот носител, Стен Вавринка имаше борбена 7:6(4)/6:1/6:7(2)/6:4 победа над младиот Американец Тејлор Фриц и двократниот гренд слем шампион сега го чека дуел со шампионот од УС опен 2009, Хуан Мартин дел Потро.

„Сите сме среќни што тој се врати на турнејата, се надевам без сериозни повреди да може да игра уште долго. Тој секогаш ќе биде голем шампион, голем тенисер за гледање“, вели Вавринка.

Дел Потро го одигра првиот меч на гренд слем турнир по повеќе од две години победувајќи го Французинот Стефан Робер со 6:1/7:5/6:0. Последен пат Аргентинецот играше на Вимблдон во 2013, кога загуби во полуфиналето од Новак Ѓоковиќ, а сега е на 165. место на АТП листата по операциите на зглобот на раката.

„Повторно уживам во тенисот. Сега веќе зборувам за тенисот, а не за повредите. Би сакал да останам тука уште повеќе години и мислам дека сум блиску до целта“, вели Дел Потро, кој има 3-2 скор против Вавринка.

КУЗНЕЦОВА ЈА „СПАКУВА“ ВОЗНИЈАЦКИ

Во првиот дуел кој се одигра под покривот на „Централниот терен“ на Вимблдон, Русинката Светлана Кузнецова во дуел на две поранешни тенисерки број 1, со 7:5/6:4 беше подобра од Данката Каролине Вознијацки. 13-тата носителка Кузнецова го игра 13-тиот Вимблдон и успеа да ја победи Вознијацки, која се враќа по повреда и првпат не е носител на грнед слем по осум години. Кузнецова има пласман во четврт-финалето во Лондон трипати (2003, 2005 и 2007).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...