Ѓоргиев: Не се плашиме од Австрија!

Македонската одбојкарска репрезентација денеска пристигна во Варна, каде утре го игра полуфиналниот натпревар од Европската лига против Австрија. Оптимизмот дека може да се влезе во финалниот двобој е реален. Екипата на селекторот Жарко Ристоски е подготвена за предизвикот, верува во себе, но нема да ги потцени Австријците.

Веќе трета година по ред македонската селекција ќе се бори за златото во Европската лига, а судејќи според резултатите од првата фаза на натпреварувањето, „спартанците“ го право сметаат дека може да ја совладаат Австрија, селекција која во изминатите четири меѓусебни средби четирипати беше поразена.



„Уште на почетокот кажав дека имаме квалитет за големото финале. Но, за да бидеме во финалето мора да одиграме многу добро со Австрија. Нивниот квалитет ме изненади. Играчите се исти, но имаат поголема самодоверба од порано. Дефинитивно не се плашиме од нив, не се плашиме од никого. Ако минатата година би ја избрале Полска во полуфиналето, сега би ја избрале Австрија. Може да се каже дека го добивме посакуваниот противник. Очекувам тежок натпревар, како психички, така и физички. Имаме доста млада репрезентација, понеискусна од австриската. Знаеме како е да се игра во големо финале, успешно ги минавме првите турнири, но не треба да си правиме притисок. Мора да издржиме како што издржавме во претходните шест меча“ - вели капитенот Никола Ѓоргиев.

Во составот кој замина за Варна се Деспотовски, Ѓ. Ѓоргиев, Н. Ѓоргиев, Љафтов, Андонов, Николовски, Јосифов, Клопчески, Д. Симовски, Наков, Михаилов, Ангеловски. Го нема Јовица Симовски, но тој не играше ниту на првиот турнир во Варна кога „црвено-жолтите“ за многумина имаа изненадувачки максимален ефект.

„Подобри сме од Австрија. Имаме тимски дух и атмосфера, оваа екипа заслужува финале и златен медал. Но, одиме чекор по чекор. Прво размислуваме само за Австрија, потоа ако победиме, ќе се фокусираме на финалето и евентуален пласман во Светската лига. Очекувам добра игра, и да оставиме срце на терен. Доколку гиневме во првата фаза, сега ќе биде двојно понапнато“ – додава капитенот.

Полуфиналната пресметка помеѓу Македонија и Австрија е закажана за в петок во 14 часот, а од 17 часот Естонија игра со вториот тим на Бугарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...