Енди, Роџер и Рафа откажаа за „Роџерс куп“

Канадскиот тениски турнир „Роџерс куп“ оваа година ќе биде ослабен со неиграњето на дел од моментално најголемите светски тениски ѕвезди. Швајцарецот Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал го откажаа учеството на тенискиот турнир во Торонто кој треба да се одржи идната седмица. Решенитето на двајцата доаѓа само неколку дена откако светскиот рекет број 2 и овогодишен победник на Вимблдон, Енди Мареј, реши да се повлече од „Роџерс куп“ и да земе одмор пред одбраната на титулата на Олимписките игри во Рио во август. Третопласираниот на АТП листата, Федерер, и шампион во Торонто во 2004 и 2006 година соопшти дека му е потребна пауза по пласманот до полуфиналето на Вимблдон пред еден месец.

„Гледајќи напред, за мене најдобро е да се одморам по настапот на Вимблдон. Оваа година нема да играм во Торонто, но ќе се вратам на овој турнир идната година“, изјави 34-годишниот Федерер, кој во Рио ќе го брка третиот олимписки медал.

Тенисерот број 4 во светот Надал нема настапи од јуни откако се повлече по второто коло на Ролан Гарос поради повреда на раката.

„Пред една седмица почнав со нормални тренинзи по повредата на раката и сè уште не сум подготвен да заиграм на голем турнир, каков што е Роџерс купот“, објави Надал, кој е трикратен шампион во Торонто.

Па така во Торонто ќе учествува само лидерот на светската ранкинг листа Новак Ѓоковиќ, кој ќе го брка четвртиот трофеј на овој турнир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...