„Секој меч на Вардар е убав на свој начин“

Ракометарите на Вардар, во средата ги активираа моторите за новата сезона. По неколку дена базични подготовки во Скопје, екипата в понеделник ќе замине во Крањска Гора, каде што ќе престојува до 12 август. Во тој период ќе се одиграат две пријателски средби со Горење.

Сосема очекувано, нозете во почетниот период се тешки, и како што одминува времето, ќе доаѓа до напредок.



Откако вториот дел од сезоната истовремено го мина како консултант тренер кај девојките и асистент кај мажите, Давид Дејвис Камара од оваа сезона ќе се врати на првичната своја цел. Тоа е улогата на асистент на Гонзалез во машкиот тим.

„Се надевам дека ќе имаме добра сезона, без многу повреди. Пред секој нов почеток на натпреварувачката година јас се чувствувам одлично, па така и сега возбудата не изостанува. Новите играчи се одлични, тука е Кањелас кој дојде од Кил, и имаше одлични мечеви минатата сезона. За Лигата на шампионите и овој пат имаме високи очекувања. Сите викаат дека другата група е полесна, но, тоа не е точно. Кај нас се наоѓа Рајн Некар Левен кој важи за најдобар тим во Германија. Тука е и освојувачот на ЛШ, Киелце. Секој натпревар е тежок тука, без разлика дали играш дома или на гости. Секоја сезона, месец и натпревар е поинаков“ изјави Давид Дејвис.

ВО ВАРДАР ИМА МЕСТО САМО НАЈДОБРИТЕ

Со ангажирањето на Жоан Кањелас, шпанската колонија кај македонскиот шампион брои сега четири ракометари. Доколку го вклучиме и тренерскиот двоец Гонзалез - Давид Дејвис, таа ќе брои шест. Покрај Кањелас, тука се и Арпад Штербик, Хорхе Македа и Алекс Душебаев, кој на крајот на сезоната ќе замине во Киелце.

„Би било добро доколку ја донесеме целата шпанска репрезентација во Вардар“ низ смеа вели Камара.

„Целта на Вардар е во клубот да играат само најдобрите. Без разлика дали тоа се Шпанци, Македонци или Французи. Не е важно од каде се, важно е само да станува збор за квалитетен играч“ заврши Давид Дејвис.



Со враќањето на улогата асистент во машкиот тим, значи дека раководните луѓе во Вардар ќе мораат да побараат нов помошник на Индира Кастратовиќ. Пред Давид Дејвис, оваа работа им беше доделена на Јан Питлик и Ким Расмусен, кои од тимот си заминаа поради најразлични причини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...