Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа немаше многу среќа во ждрепката за квалификациите на УС опен, каде што ќе игра со американската тениска надеж Кетрин Белис.
Ѓорческа како 222-рангирана ја доби веројатно и најтешката противничка, во својот прв обид низ квалификации да стаса на главната сцена на грендслем турнир. Мечот ќе се игра утре од 17 часот.
Сиси Белис како што ја нарекуваат 17-годишната тинејџерка, лани ја елиминираше Доминика Цибулкова и се избори за настап на УС опен, како најмладата тенисерка што победила на овој турнир. Тогаш имаше само 15 години и 4 месеци