Првото гостување на Металург сезонава е во Словачка

Металург викендов ќе го одигра првиот натпревар на гостински терен. Во рамките на Лигата на шампионите, ќе се сретне со тимот на Татран во Прешов.



ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Сабота:

ТАТРАН – МЕТАЛУРГ 15:00

Сала:„Татран Хендбал Арена“ во Прешов. Судии: Марек Барановски и Богдан Леманович од Полска. Делегат: Виктор Конопласти од Украина



Металург од вчера е во Прешов, еден ден порано од вообичаените процедури, но има зошто Лино Червар темпираше екипата да биде во Словачка в четврток. Металург патуваше со автобус, патувањето беше проектирано да трае најмалку 16 часа и им беше потребен ден плус одмор за в сабота да бидат фит за натпревар.

Во рамките на второто коло од ЛШ, в сабота Металург во Прешов ќе ги одмери силите со екипата на Татран. Македонскиот и словачкиот тим пред десетина дена играа во Скопје во рамките на СЕХА Гаспром, а тој меч го одбележавме како прва победа на Металург во новата сезона.

Сега сосема извесно нè очекува малку поинаква приказна.

„Ги гледав како играа со Монпеље и беа подобри отколку во Скопје, без дискусија. Верувам дека против нас ќе бидат и дополнително мотивирани и желни за реванш“, изјави Лино Червар пред заминувањето за Прешов.

Металург на хартија има послаб тим од Татран, иако Словаците на стартот на СЕХА не се прославија. Имаат само една победа, на стартот на ЛШ, без поразени од Монпеље.

Пред натпреварот во Скопје најавивме дека двата тренера ќе тактизираат со оглед на близината на нивната пресметка во Лигата на шампионите.

Во Скопје Металург тактички го надигра словачкиот првак. Одлично беше затворен нивниот најдобар играч. Бекот Оливер Рабек, а во добра делница од натпреварот и крилото на Чешка, Јакуб Хрстка беа со мал ефект. Но, Хрстка се врати во мечот, Рабек не беше на нивото.

Татран Прешов направи во еден момент пресврт во Скопјеи тоа мошне лесно и умешно, користејќи ги грешките на македонските играчи.

Вреди да напоменеме дека Металург на тој меч имаше извонредно расположен голман.

„Домашниот терен го става Татран во улога на фаворит на овој натпревар, но ние одиме со јасна цел. Сакаме продолжување на низата на успешни настапи“, вели Червар.

Домашниот терен всушност и му ја донесе Лигата на шампионите на Татран. Играа квалификациска група во која во финалето беа подобри од Горење, новиот сехалигаш.

Металург досега, пак, играше подобро во СЕХА Гаспром, отколку во Лигата на шампионите. И противниците беа посилни и борбата поголема. Заслужи најмалку бод од дуелите со Вардар и Мешков Брест, но им искомпензира на навивачите со победите над Татран и ремито со Нексе.

На единствениот меч од Лигата на шампионите, потфрлија сите освен Талески и Арсиќ. Донекаде и Драгаш. Сега е моментот да се покажат и Младеновиќ, Обрадовиќ, Брајовиќ кои дојдоа како засилувања, покрај македонските репрезентативци, пред сè Талески.

Екипата сега е засилена со враќањето на Дрогришки и Обрадовиќ, но колку ќе бидат користени в сабота, ќе видиме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...