Фарски Острови е шансата за радост

МАКЕДОНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ

Петок, 21:00ч.

Сала „Холин А Халси“ во Торшавн, Фарски О. Судии: Борис Мандак и Марио Рудински од Словачка. Делегат: Балаш Сос од Унгарија.



Циклусот квалификации за Светското првенство 2017 во Германија за женската репрезентација на Македонија почнува вечерва (21 часот) во Торшавн, против Фарски Острови, организаторот на турнирот во групата три. По целодневното патешествие од 13 часа, селекторот Симе Симовски и неговите избранички ќе се обидат да стават крај на „црната“ серија која трае од јуни 2012 и по четири години да дојдат до победа на еден официјален натпревар. Противникот е непознат, па поради тоа мора Македонија да игра внимателно и да ја користи секоја шанса за триумф.

„Фарски Острови е непознат противник за нас. Имаат 5-6 репрезентативки кои настапуваат во данското првенство, но каков квалитет е селекцијата не знаеме. Затоа мора да бидеме внимателни и подготвени на сè. Нема да биде лесно, веќе сите знаат да играат ракомет, но она што е најважно за нас е да играме без осцилации. Имаме добра бековска линија и со помалку технички грешки ќе се обидеме да дојдеме до победа. Работевме многу, се подготвувавме и за новата тактика ’7 на 6’, како и на 3-2-1 во одбрана која би можеле да ја играат Фарски Острови, но ќе видиме како ќе треба да се поставиме според случувањата на теренот“, вели селекторот Симе Симовски.

Во групата три за противници ги имаме и Австрија и Исланд, кои се среќаваат во првиот меч денеска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...