Надал: „Мотивација не ми недостига“

Рафаел Надал вели дека желбата да ја врати најдобрата форма и да се бори за гренд слем титули е неговата главна мотивација пред кам-бекот на тенисот во 2017. Шпанецот ја прекрати 2016 поради повреда на зглобот на раката и последните две години има само пет титули, додека последната гренд слем титула му беше Ролан Гарос во 2014 година.

Надал се мачеше со физички проблеми последните две години, но сега призна дека во 2015 имал поголема ментална отколку физичка битка. 14-кратниот гренд слем шампион се враќа на Мубадала шампионатот во Дубаи, кој стартува в четврток.

„Во 2015 година беше очигледно дека имав некои проблеми. Не можев да ги контролирам моите емоции додека играв. Бев премногу нервозен. Оваа година немав многу среќа со повредата на зглобот на раката, но играв навистина добро пред Ролан Гарос. Мојата мотивација е да се вратам силен. Најважно е да имаш повеќе мотивација за да се бориш. Не знам дали ќе освојам нов гренд слем. Но, никогаш не сум знаел - ни кога го освоив првиот, ни последниот. Ситуацијата е иста. Сакам гренд слем титула број 15, но не знам дали ќе ја освојам“, вели 31-годишниот Шпанец.

Иако неговата кариера трае веќе 15 години, Надал вели дека воопшто не размислува за крај на кариерата.

„Не, на тоа не сум помислил никогаш!“, изјави Надал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...