Панцир систем и во Скопје

Сменета е годината, градот, салата, но остануваат тренинг маките од Маврово. Повторно се работи на физички план, се работи со панцири...

КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР
ДЕНЕСКА
МАКЕДОНИЈА – БИХ 17:45
Сала: „Кале“ во Скопје.
Влезот е слободен

На десет дена до одигрувањето на првиот мундијалски натпревар македонската сениорска репрезентација,вчера, во Скопје го имаше првиот собир во 2017 со што ја почна втората и последна фаза од подготовките.

Тимот се врати во Скопје, но интензитетот на тренинзите и принципите по кои се тренираше на Маврово, останаа непроменети. И во Скопје се работи со натпросечен интензитет и натаму на тренинг играат „панцирите“, помагалата и така натаму. Единствено е променета базата и салата, а на тимот сега е комплетиран со доаѓањето на Миркуловски и приклучувањето на Никола Митревски.

МИТРЕВСКИ: ВО ФРАНЦИЈА НÈ ЧЕКА ТЕШКА РАБОТА

„Сè уште се работи на физичката спремност. Работиме со висок интензитет и следно нè очекуваат три натпревари со Босна и Херцеговина. Ќе имаме малку време за да се воиграме, па затоа треба да бидеме максимално сконцентрирани на сите тренинзи и на овие три натпревари. Така ќе успееме да ја подобриме формата и подготвени да го дочекаме СП. Во Франција нè очекуваат натпревари со силни противници. Нашата група е исклучително тешка, но сè е можно“, вели голманот на португалската Бенфика, Никола Митревски.

МИРКУЛОВСКИ: ТУНИС Е ПОСЕБЕН МОТИВ

Комплетирањето на тимот беше завршено со доаѓањето на Филип Миркуловски на трениг. Уште на стартот можеше да ги почувствува новите методи и напорите на кои соиграчите веќе се навикнаа минативе две недели.

„Напорно се работи. И натаму се тренира со панцири, физичката подготовка и натаму е на дневен ред. Играчите се посветени на тренинзите и сигурно ќе има голема борба на теренот во Мец“, вели Миркуловски, кој беше и еден од актерите на натпреварот со Тунис во Гдањск. Судбината е таква што повторно Тунис е еден од противниците и тоа токму тимот со кој ќе отвориме на СП.

„Тунис е репрезентација која ни го скрати сонот за настап на Олимписки игри. Ни останаа должни нам, а ние на нашите фанови. Секако дека оваа репрезентација е мотив повеќе за нас, од повеќе причини. На нив гледаме со други очи и ќе сакаме да покажеме уште на почетокот на првенството дека не сме истиот тим“, вели Миркуловски.

ДЕНЕСКА ПРВАТА КОНТРОЛА

Како ќе изгледа играта на македонската репрезентација, за првпат ќе имаме можност да видиме попладнево. Гостин во Скопје е репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Новиот селектор на БиХ има одличен состав, но и безброј проблеми предизвикани од лошата финансиска состојба на нивниот ракометен сојуз.

Првиот меч воедно ќе биде и единствениот што ќе биде отворен за јавноста. Ако земеме предвид дека Лино Червар и неговиот стручен тим не се многу „воодушевени“ кога ќе видат и македонски новинари на тренинг на репрезентацијата, можеме само да заклучиме дека на денешната средба нема да го видиме вистинското лице на македонскиот тим, иако ќе имаме појасна слика за тоа како ќе изгледа новото лице кое селекторот го најавуваше одамна. На ова ќе додадеме дека, сепак, ќе биде и прв натпревар по дванаесет дена тешки физички подготовки (и за утрово е најавен физички тренинг) и играчите ќе имаат „оловни нозе“. Па, сепак, три средби во три дена треба да ги олабават пред да добијат уште еден слободен ден за божиќните празници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...