Новак подготвен за враќањето на првото место

Новак Ѓоковиќ успеа да ја прекине серијата од 28 победи во низа на светскиот број 1, Енди Мареј, во Доха во саботата, за да ја одбрани титулата од Катар опен во трилер од три сета. Ѓоковиќ беше блиску до брза победа, пред Мареј да се врати во вториот сет, и на крајот резултатот беше 6:3/5:7/6:4 за српскиот светски број 2.

Ова е 25. победа над Мареј во кариерата на Ѓоковиќ и го поставува како јасен фаворит за нова титула на Австралискиот опен, кој започнува на 16 јануари. Ѓоковиќ призна дека Мареј е неговиот најголем ривал и оцени дека двајцата стигнале до својата граница во мечот.

„Секој меч против него е огромен предизвик и мораш да го прифатиш тоа и да се подготвиш за битка. Видовте колку двајцата сакаме да победиме. Имав четири меч-топки во вториот сет, но одеднаш тој ја сврте играта. Никогаш не знаете против Енди“, вели Ѓоковиќ, кој си заминува дома со 209.665 долари.

За Мареј ова беше прв официјален пораз по тој од Хуан Мартин дел Потро во Дејвис купот во септември. Тој призна дека е разочаран, но дека едвај чека нов дуел.

„Мислам дека ова беше физички добар тест за стартот на годината. Имав шанси за победа, но ги пропуштив. Тоа беше разликата вечерва“, вели Мареј, кој останува број 1 на АТП-листата.

ДИМИТРОВ Е ШАМПИОН ПРВПАТ ОД 2014

Задржувајќи ја смиреноста во клучните моменти, Григор Димитров ја освои својата прва титула по 30 месеци, откако го победи Кеи Нишикори во финалето на Бризбејн Интернешнл турнирот. Димитров, кој е поранешен топ 10 тенисер, испадна надвор од топ 30 во 2015 година, за сега да стигне до втора победа над топ 5 тенисер во два дена за 6:2/2:6/6:3 победа над фаворизираниот Нишикори. Димитров лани не освои титула и трипати губеше во финалињата, така што последен трофеј му беше Квинс Клаб во Лондон во јуни 2014 година.

Но, од октомври, тој јасно ја врати формата, прво победувајќи го Новак Ѓоковиќ кога тој беше број 1 во Пекинг и треторангираниот Милош Раонич и Нишикори во Бризбејн.

БАУТИСТА АГУТ ГО ОСВОИ ЧЕНАИ

Шпанецот Роберто Баутиста Агут ја освои титулата од Ченаи опен во Индија откако го совлада 20-годишниот Русин Данил Медведев со 6:3/6:4.

Во дуел на тенисер од новата генерација Медведев и еден од ветераните Баутиста Агут немаше фаворити. Медведев ја бркаше својата прва АТП-титула во кариерата, додека Агут одеше на петти триумф во кариерата, вклучувајќи ги двете титули во 2016 (Софија и Оукленд).

Баутиста го направи клучниот брејк во четвртиот гем од првиот сет, за да го освои сетот за 33 минути искористувајќи ги грешките на бекхенд на Русинот. Баутиста повторно направи брејк во четвртиот гем во вториот сет за комплетирање на титулата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...