Фени се спојува со Кожув, а Куманово со Карпош Соколи

Иако првата фаза од БИБЛ треба да заврши вечерва, со дуелот во која Сутјеска ја пречекува екипата на Трепча, практично веќе се познати учесниците во следната ТОП 8 рунда од ова натпреварување.



Она што е најзначајно за македонската клупска кошарка, макар и во едни вакви „услови на функционирање“ е што во оваа конкуренција останаа сите четири наши претставници.

Иако ниту една од нив не заврши на пол-позицијата, сепак, Куманово, Кожув, Фени Индустри и Карпош Соколи ја „оправдаа довербата“ во досегашниот дел од лигата, и одат понатаму.

Како ќе се одвива Лигата на Балканот во следниот круг од натпреварите?

БИБЛ лигата формира две нови групи „Ц“ и „Д“.

Во групата „Ц“ ќе бидат Фени Индустри, Берое, Сутјеска и Кожув, додека во другата ќе членуваат Куманово, Теодо, Пеќ и Карпош Соколи.

Тимовите кои во првата фаза беа во иста група, сега нема да играат меѓусебе во ТОП 8, туку само со другите два, но се пренесуваат бодовите освоени во меѓусебните дуели од првата фаза. Па така во новоформираната група „Ц“ во голема предност е беугарскиотпретставбник беор кој има скор 2-0), Фени Индустри е на (1-1), исти какои екипата на Сутјеска, додека во најлоша положба е Кожув кој има пренесен ефект од (0-2).

Во групата „Д“ добитна комбинација имаа куманоци кои пренесуваат скор (2-0), Пеќ и Карпош Соколи имаат (1-1) додека во најлоша ситуација е Теодо кој има (0-2).

Согласно со усвоените пропозиции, овие осум екипи во ТОП 8 фазата ќе одиграат уште по четири натпревари. со екипите со кои не се сретнале во првиот дел.

Првопалсираните тимови во двете групи, обезбедуваат директен пласман во полуфиналето на плеј-офот. Екипите кои ќе завршат како второ односно третопласирани пак ќе разигруваат во четвртфиналето кое се игра според системот „дома-гости“.

Победниците од овие две четвртфинални серии ќе обезбедат и пласман во полуфиналната „четворка“.

Наредните мечеви од втората фаза се закажани веќе за 31. јануари. А во првото коло од ТОП 8, се предвидени два дуели. Еден од нив ќе биде новата македонска пресметка во која Кожув ќе го пречека Фени Инустри, додека пак во другиот ќе играат Берое и Сутјеска.

Ден подоцна, на 1. февруари, е второто македонско дерби во кое Карпош Соколи игра со Куманово, а Теодо за противник ја има екипата на Пеќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...