Загреб ќе го тестира Металург

Металург има уште три натпревари на домашен терен до завршувањето на сезоната во СЕХА и Лигата на шампионите. Денеска гостува Загреб, во недела Чеховски медведи и по тоа на 21 февруари екипата на Горење. Ова се послените шанси за љубителите на „сино-бело“ да гледаат меѓународни натпревари во „Борис Трајковски“.

Првиот противник, тимот на ППД Загреб во Скопје доаѓа со единствена цел да победи, затоа што нивното место на фајнал-фор не е обезбедено и евентуален „кикс“ во Скопје би можел да им ја искомпликува трката со Мешков Брест и Целје за третата и четвртата позиција. Затоа очекуваме да настапат максимално сериозно, а за Металург од друа страна ова ќе биде можност да испробаат уште еднаш како им функционираат дефанзивните зони и колку брзо ќе се трансформираат од „7 на 6“ во екипа со голман.

„Играме со Загреб, екипа која е фаворит. Сакаме да се покажеме во добро светло. Не треба многу да се претставува противникот. Имаат ѕвезди како Шебетиќ, Мандалиниќ, тука е Вори, браќата Валчиќ. Се надевам дека ќе добиеме поддршка од нашите навивачи. Сите ракометари се здрави, имаме проблем само со Гуглета кој има проблем со рамото, но Кузмановски се враќа и ќе го користиме на овој натпревар и во одбраната“, изјави Червар.

„Имавме непријатно гостување во Веспрем, меѓутоа почнавме со анализа и работевме на поправање на грешките. Ни претстои натпревар со Загреб, екипа која е фаворит. Сакаме да покажеме дека имаме квалитет, овој натпревар ќе биде одличен тест за нас“, изјави Дрогришки.

Средбата ќе се игра во „ВИП Арена Борис Трајковски“ со почеток од 17:45 часот. Во екипата на Металург би требало да дебитира Иранецот Амин Јусефинеџад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...