Се враќа ЛШ, почнува ловот на билет за Келн

Вечерва во Манхајм се игра натпреварот меѓу Рајн Некар и Келце кој може да пресуди во битката за првото место во групата во која конкурент е и Вардар



Лигата на шампионите во машка конкуренција се враќа на големата сцена во моментите кога последните искри од мундијалската ноќ се сведуваат на вести од типот Јуриј Шевцов останува, Хрватска сè уште бара селектор и слично на тоа. На љубопитниот ракометен фан за момент ќе му биде привлечено вниманието, но веќе немаат доволно сили таквите искри да го одржуваат во живот мундијалскиот оган.

Новото ракометно утро ќе ја осветли одново Лигата на шампионите. А со неа се враќаат и ѕвездите на клупскиот ракомет како Калман, Зорман, Бомбач, Шмал, Биелецки, Јурецки, Копљар, Шипжак, Алиловиќ, Палмарсон, Македа, Штербик и така натаму. Тоа се играчи кои не настапија на мундијалот бидејќи решија да чуваат сили за предизвиците во Лигата на шампионите.

Велат, вистинските тимови ја темпираат формата така да бидат најсилни во март, април, кога почнуваат битиките за трофеи. Претходните дуели не дека беа небитни, но зад секој „кикс“ остануваше простор и време за поправен испит.

Сега веќе адутите се главно фрлени на маса и арените се подготвени да ги пречекаат модерните гладијатори.

КЛУЧНИОТ МЕЧ СЕ ИГРА ВО МАНХАЈМ

Денеска почнува разврската во групата „Б“ во која се наоѓа и македонскиот првак Вардар. Почнува со гостување на актуелниот шампион Келце во Манхајм, кај Дејан Манасков, Филип Талески и Рајн Некар Левен. Македонците нема да бидат дел од составот на „лавовите“. Талески нема право за настап, Манасков сè уште не е рехабилитиран од повредата заработена на Светското првенство. Ова е можеби најважниот натпревар во оваа група. Доколку победи Келце, тогаш битката за првото место кое ги носи вистинските привилегии во битката за „Ф4“ ќе биде практично решена. Келце има само бод предност пред Сегед, но имаат победа над Унгарците како гости и следниот меч со нив го играат на домашен терен.

Пред Вардар се со два бода, но послаб меѓусебен скор, па ако вечерва загубат, тогаш ја губат и предноста пред „црвено-црните“.

Со победа и Рајн Некар на некој начин се враќа во игра за првото место, иако Германците гледано во овој момент, имаат „киксови“ што тешко дека ќе ги надополнат. За Вардар најдобро е да победи Рајн Некар, а имајќи предвид дека Германците го прегазија Келце кога им беа гости во „Легионов“, ваквиот исход не е незамислив.

Денеска на непријатно гостување оди и вториот тим од групата „Б“ кој по девет одиграни кола е подобро пласиран од Вардар, а тоа е тимот на Пик Сегед. Унгарците ќе одат на мегдан со Мешков Брест, екипа која има потенцијал на домашен терен да им направи проблеми на сите противници.

НОВИНАРИТЕ ГО КРУНИСАА „ПСЖ“, ВАРДАР Е ЧЕТВРТИ, НИКАДЕ ГО НЕМА КИЛ

Како најава за продолжението на Лигата на шампионите, медиа тимот на ЕХФ во соработка со разни медиуми што покриваат ракомет, направија Топ 10 листа на клубови спред досега прикажаното и нивната сила на хартија.

Пари Сен Жермен е фаворитот на новинарите, а македонскиот шампион Вардар котира на високото четврто место. Не би имале против и да се остварат овие предвидувања, тоа би значело и место за македонскиот тим на „Ф4“ во Келн.

Вардар воедно е најдборо рангиран тим од тие што во Б групата вклучувајќи го овде и актуелниот шампион Келце.

Комплетната ранг листа која ја составија медиумите во соработка со ЕХФ, изгледа вака:

1. Пари Сен Жермен, 2. Барселона, 3. Веспрем, 4. Вардар, 5. Келце, 6. Рајн Некар Левен, 7. Флензбург, 8. Пик Сегед, 9. Монпеље, 10. ППД Загреб.

Можеби ќе забележите, на оваа листа, меѓу 10-те најдобри тима во Европа немаше место за гигантот од северот на Германија – Кил.

МЕТАЛУРГ СЕ ОДЈАВУВА ВО НЕДЕЛА

Металург по девет меча има скор од четири победи и пет порази и во моментов е на третата позиција поради подобриот меѓусебен скор со екипата на Елверум. Тоа е остварување кое е за нијанса подобро од ланското. Позицијата на табелата не е „бетонирана“. Погоре не може, подолу може дури до дното. Се зависи како ќе завршат натпреварите во последното коло, кои треба да напоменеме немаат резултатско значење. Првото место го освои Монпеље, втора е Ла Риоха и овие два тима ќе вкрстат со Нант и Мотор Запорожје во битката за пласман во нокаут фазата меѓу екипите од групите „А“ и „Б“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...