Елитата на „Алкалоид 2017“

Најдобриот македонски шаховски колектив, „Алкалоид“ утре ќе организира турнир во брзопотезен шах „Алкалоид 2017“. Во хотелот „Континентал“, каде што ќе се одржува ова натпреварување, пријавени се рекорден број натпреварувачи. Таа бројка изнесува над 170 шахисти кои доаѓаат од шест држави. Наградниот фонд, пак, изнесува 122 илјади денари.

Прв носител на ова натпреварување ќе биде велемајсторот од Бугарија, Кирил Колев. Додека, пак, најголем македонски „адут“ ќе биде Филип Панчевски, кој впрочем е и актуелен бранител на титулата.

Покрај Панчевски, настап на „Алкалоид 2017“ ќе забележат и Влатко Богдановски, Звонко Станојоски и Драгољуб Јакимовиќ, а меѓу нив ќе бидат и нашите најмладите репрезентативци, ФИДЕ мајсторите Никола Николовски и Тони Лазов.

Ќе се играат девет кола по швајцарски систем, додека победникот ќе добие награда од 25 илјади денари плус пехар.

Македонскиот клуб повторно покажа грижа за овој спорт кај нас и со право го оправдува епитетот најдобар во Европа. Како што е познато, „фармацевтите“ во ноември ја освоија титулата на Европскиот Клупски Куп кој се одржа во ноември минатата година. Почетокот на турнирот е најавен за 10, наградите, пак, ќе бидат поделени по 19:30 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...