Вардар: Не треба да летаме

Три чекори треба да направи македонскиот првак Вардар до крајот на групната фаза од Лигата на шампионите за да остане на лидерската позиција во групата Б, а со тоа и да обезбеди директен пласман во четвртфиналето од елитата. Распоредот му е наклонет на „црвено-црниот“ тим, со два натпревари на домашен терен, со Целје веќе в сабота и оној против Кристијанштад на затворањето на групната фаза, а во меѓувреме и едно гостување во Брест, кај Мешков. На сите три дуели Вардар важи за фаворит, но тоа мора да го потврди на резултатски, на теренот. Екипата мора да остане мирна, фокусирана на својата игра и резултати, да ја одработи својата задача, а сè што ќе дојде од страна само ќе оди во прилог.

„Имаме добра шанса, одличен распоред, но преферирам да останеме мирни. Далеку е четврфиналето. Мора да одиграме уште три натпревари од групната фаза пред да мислиме за понатаму. Не смее да си дозволиме непријатности. Не треба да летаме и да мислиме дека ако сме фаворити работата е завршена. Не смееме да бидеме комотни, да се опуштиме. Најважно е да си ја одработиме работата сами, до крај, а резултатите од другите ако ни одат во прилог добро, ако не, ќе знаеме дека се сме си направиле сами. И РНЛ, кој во моментов ни е директен конкурент за првото место исто така има добар распоред. Затоа потребно е да бидеме концентрирани од меч во меч, за тоа што ни е во рацете да не го испуштиме. Затоа Целје е сега противник, со кој како да играме финале“, објаснува Раул Гонзалез, тренерот на Вардар.

А со Целје вардарци имаат одличен скор сезонава, 3-0 во победи, но ниту тоа не им дозволува да бидат опуштени.

„Трипати игравме со нив сезонава и можеби резултатски делува лесно, но на теренот не е така. Целје има тим за почит, добар состав, кој игра брз ракомет и се мачевме со нив во сите натпревари досега, затоа мора да бидеме на ниво на задачата“, дециден е Шпанецот.

Вардар го пречекува Целје в сабота, во стандардниот термин од 17:30 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...