Лазаров: По долго време одигравме максимално!

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров постигна 11 гола на дуелот против Исланд, по кој се искачивме на првото место на табелата во нашата група.

- Јас сум презадоволен само поради победата. Исланд е квалитетна репрезентација со многу добри индивидуалци. По долги години можам да кажам дека скоро 50 минути одигравме на максимално, највисоко ниво, со една голема ментална сила и тоа ми дава надеж за оваа репрезентација. Ми се допаѓа што и младите играчи кои што беа доста искритикувани проработеа и очигледно дека критиката им беше добредојдена. Многу ни помогнаа нам искусните и делувавме како колектив. Среќен сум поради оваа победа, не толку поради победата, туку поради како што кажав за кревање на самодовербата. Ја пребродивме кризата како колектив и тоа дава надеж дека ќе играме подобро, а со подобра игра стигнуваат и победите. Сега е неблагодарно да се каже дека се чувствува некоја нова искра. Сите што ја воделе репрезентацијата сме ги почитувале, ние сме тука да го даваме максимумот.

Секој тренер е различен, најважно е да победуваме. Се надевам дека допринесовме за мала радост на нашата нација. Во Исланд ќе одиме растеретени, ќе одиме да се надигруваме и најважно ќе биде да настапиме во добро светло. Голем чекор е ова за нашиот пласман на ЕП. Уживавме сите, уживаа младите и сега во Исланд ќе одиме да уживаме, изјави Кире Лазаров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...