Вардар тешко преку Металург избори финале во Купот на Македонија

Битола, 21 мај 2017 (МИА) – Ракометарите ќе имаат можност да го бранат трофејот во Купот на Македонија.

Вардарци место во финалето изборија многу потешко отколку што очекуваа елиминирајќи го големиот ривал Металург во полуфиналето на завршниот турнир што се одржува во Битола.

Првото полувреме црвено-црните го добија со три гола разлика 17-14. Но, во второто полувреме одличен на голот на Металург беше Дарко Арсиќ, а во нападот предводени од Кузмановски и Илиќ, тимот од Автокоманда во 39.минута, дојде до предност од 21-23. Во продолжението се играше гол за гол, за да на шест минути до крајот на мечот резултатот да биде израмнет 29-29.

Во финишот на дуелот Арпад Штербик стапи на сцена и со неколкуте одбрани во низа му донесе победа на Вардар до 31-30, а со тоа и пласман во финалето.

Во првото полуфинале, Еурофарм Работник го совлада Охрид со 26:18.

„Вардарци“ важат за фаворити и ќе се обидат да стигнат до 12. трофеј во Купот на Македонија, додека за екипата „Работник“ од Битола ова е прво финале.

Почетокот на финалниот дуел е во 16:30 часот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...