Диви го напушта Вардар

Чуварот на мрежата на Вардар, Петар Ангелов, на крајот од сезоната си заминува од редовите на македонскиот првак. Иако пред неполн месец „Македонски спорт“ дојде до информацијата дека популарниот Диви и Вардар се во преговори за позицијата тренер на голманите во клубот, се чини дека договор нема.

Ангелов најавува дека ќе ја продолжи кариерата надвор од нашите граници, а името на клубот ќе го објави по фајнал-фор турнирот во Келн.

„Натпреварите викендов нема да бидат мои последни во кариерата. Ова е моја последна сезона во Вардар, од следната продолжувам во нов клуб, и тоа надвор од границите на Македонија. Не би сакал сега да откријам кој е, ќе бидете известени во периодот кој следува", стои во изјавата на Петар Ангелов за „Спортмедиа“.

Тој се подготвува за премиерата на Ф4 во Лигата на шампионите во Келн, каде што се надева дека тој и неговите колеги меѓу диреците ќе бидат на нивото потребно за „црвено-црните“ да дојдат до најголемиот клупски успех.

Ангелов, покрај во трите најголеми македонски клубови Вардар, Металург и Пелистер, како и матичниот Тиквеш, помина четири сезони во дресот на француски Трембле, единственото негово интернационално искуство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...