Искрени честитки за успехот на Вардар

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов упати честитка до екипата на Вардар по повод историскиот успех во Лигата на шампионите.

„Ракометната федерација на Македонија упатува искрени честитки до најтрофејниот македонски ракометен клуб кој успеа да ни го донесе најелитното европско ракометно злато! Големи и срдечни честитки за Вардарци кои испишуваат историја во македонскиот ракомет! Единствениот дебитант на теренот во Келн им одржа лекција за борбеност, истрајност, силен тимски дух и единство во составот, на веќе одомаќинетите екипи од спротивната страна на голот.

Чест и задоволство беше од трибините на 'Ланксес арената' да се бодрат момците предводени од големиот Раул Гонзалес, кои го вложија секој атом од силите за да ни го овозможат овој историски успех и да ни го донесат најпосакуваниот ракометен трофеј на стариот континент.

Им благодариме! НАПРЕД ВАРДАР!" стои во честитката на Мукаетов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...