Јотовски со два пресврта во неколку часа

Најдоброрангираниот македонски тенисер, Томислав Јотовски, вчера приреди ретко виден подвиг, кога за само три часа, од 9 часот наутро до пладне, елиминираше двајца противници на ИТФ-турнирот од фјучрс серијата во Телави, Грузија. После двата триумфа на кои беше во негатива, тој се пласираше во полуфиналето на овој турнир, кој се игра за награден фонд од 15.000 долари.

Во осминафиналето, рускиот тенисер Лозан, кој играше финале на претходниот турнир во Телави, имаше предност од 6:1 и 5:3, но македонскиот тенисер се надмина себеси и направи пресврт откако најпрвин израмни на 1:1 во сетови, со победа во тај-брејк, а потоа психолошки паднатиот Лозан беше декласиран со 6:1 во третиот сет.

Томи немаше многу време за радост и по куса пауза, мораше повторно да излезе на теренот, овој пат против Цивадзе од Грузија. Ривалот почна подобро, поведе со 6:4, но немаше сили да издржи во истото темпо, Јотовски се разигра и на двапати со по 6:2 ги доби следните сетови за место меѓу четворицата најдобри. Ривал во денешното полуфинале ќе му биде Федерико Себаљос од Боливија, кој е втор носител на турнирот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...