Европскиот првак може да се гледа по стара цена

Европскиот првак Вардар одлучи порано да ги пушти во продажба билетите за новата сезона. И покрај тоа што црвено-црниот тим лани имаше незаборавна сезона, во која освои сѐ што можеше да се освои, сепак, одлучи да не ја менува цената на билетите. Приоритетната продажба почнува на 24 јули и ќе трае до 6 август, потоа останатите билети ќе бидат пуштени во регуларна продажба, која ќе почне на 7 август и ќе трае до 20 август.

„Сакајќи да им излезе во пресрет на своите навивачи и да има доволно време секој да си обезбеди билет за натпреварот на кој сака да го гледа европскиот првак Вардар, решивме да ги пуштиме во продажба сезонските билети. Цената на сезонските билети е иста како и ланската сезона.

Сите оние што ланската сезона имале сезонски билети за натпреварите на РК Вардар и на ФК Вардар, сега ќе имаат приоритет во купувањето билети. Тие ќе можат да ги заменат старите сезонски билети со нови, само за местата што досега ги имале, и тоа за време на приоритетната продажба. За секој поединечен натпревар ќе бидат пуштени билети во продажба само доколку има слободни места. Со секој купен сезонски билет, ќе може да се добие и шампионска маица по цена од 399 денари“, се вели во соопштението на РК Вардар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...