Македонските кошаркари гостуваат кај Естонија

Во претквалификациите за Светското кошаркарско првенство кое ќе се одржи во Кина во 2019 година, денеска ќе се играат средбите од претпоследното 6.коло во европската зона.

Македонија гостува во Талин, каде во рамките од Ц групата ќе се сретне со Естонија во меч во кој црвено-жолтите со победа ќе обезбедат пласман во следната рунда. Сите три репрезентации, во оваа група, Естонија, Македонија и Косово имаат по 4 бода. Во групата А која е единствена со четири репрезентации, ќе се сретнат двете првопласирани селекции, Шведска и Ерменија, а во вториот натпревар ќе играат Словачка и Босна и Херцеговина.

На табела води Ерменија со 7 бодови, пред Шведска и БиХ со по 6, а Словачка има 5. И во групата Б ќе се игра дуелот за првото место во кој лидерот Австрија и гостува на фаворизираната Холандија. Селекцијата на Австрија е лидер со 5 бода еден повеќе од Холандија (4), додека Албанија има 3.

Во последната Д група, Бугарија која има максимални три победи гостува кај Белорусија. Кошаркарите на Бугарија се први со 6 бодови, пред Белорусија и Португалија кои имаа по 3. Последната рунда во претквалификациите на програмата е веќе во сабота.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...