Прв пораз за Македонија на ракометното ЕП

Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на Европското првенство, откако вечерва во Вараждин загуби убедливо од Шпанија со 31:20, полувреме 15:6.

Целата концепција на селекторот Раул Гонзалес како да се сруши по повредата на капитенот Кирил Лазаров кој по само 12 минути го напушти теренот поради повреда на десната ложа.



„Црвено-жолтите“ играа дезориентирано, нападот тешко одеше според планираното, противникот лесно доаѓаше во поволни позиции и само фатените зицери на голманите Борко Ристовски и Никола Митревски спречија поголема катастрофа.

Шпанија одлично го отвори натпреварот со 3:0 по само шест минути игра, а веќе во 10. минута беше 6:1. Дури на половина од првиот дел Македонија преку Дејан Манасков го постигна првиот гол од игра за во тој момент да намали на 3:7. Двете селекции во наредните неколку минути постигнаа по два гола за 5:9, а потоа до паузата следуваше серија од шест последователни гола на „црвената фурија“ за плус 10 (15:5).

Откако беше јасен победникот, македонскиот селектор во второто полувреме поголема минутажа им даде на помладите кои на моменти покажаа дека можат достојно да ги заменат поискусните Лазаров, Миркуловски, Георгиевски,....

И покрај поразот, шансите за полуфинале постојат. На Македонија во втората фаза и остануваат уште две средби, со Чешка и против Данска. Со евентуални четири бода Македонија ќе биде во игра за пласман на завршницата од евро-шампионатот.

На ваков епилогот се надеваат и неколкуте илјади навивачи кои беа присутни во „Арена Вараждин“ и повторно и дадоа поддршка на македонската селекција. На трибините беше и премиерот Зоран Заев во друштво со директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Следниот дуел „црвено-жолтите“ го имаат в среда од 20:30 часот со Чешка.

Табела група 2: Данска 6 бода (натпревар повеќе), Шпанија 4, Германија 4 (натпревар повеќе), Македонија 3, Чешка 2, Словенија 1.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...