Австралија опен: Федерер без мака до ново финале во Мелбурн

Рожер Федерер ќе ја брани титулата освоена минатата година на Австралија опен. Швајцарецот утринава го потврди својот пласман во финалето на првиот Гренд-слем турнир оваа сезона.

Федерер без многу мака го доби натпреварот со сензационалниот полуфиналист 21-годишниот Хион Чунг од Јужна Кореја кој поради повреда го предаде натпреварот во вториот сет..



Федерер експресно го доби првиот сет, препуштајќи ми на противникот само еден гем, односно со 6-1. Во вториот беа одиграни седум гема, а Чунг при водство на Федерер од 5-2, принудно се повлече од натпреварот.

Со тоа Рожер Федерер се пласира во своето седмо финале на Австралија опен, каде досега има освоено пет трофеи, а единствениот пораз му беше во 2009 година,кога по речиси четири часа игра го загуби мечот со Рафаел Надал со 3-2.
Во финалето закажано за в недела, Федерер ќе игра против Хрватот, Марин Чилиќ.

Утре во женското финале за трофејот на Австралија опен ќе се борат првите две носителки Симона Халеп од Романија и Каролине Возњацки од Данска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...