Металург ремизираше со Извиѓач во Скопје

Скопје, 20 септември 2018 (МИА) - Металург ремизираше со 27:27 против Извиѓач во натпревар од четвртото коло во СЕХА лигата одигран во Скопје.

Македонскиот тим не успеа да ја потврди фаворитската улога и да го искористи домашниот терен за да стигне до првата победа сезонава во регионалната лига.

По првите десетина минути на равноправна игра гол за гол, ракометарите на Металург воспоставија контрола на теренот и по серија од неколку голови на паузата заминаа со предност од 15:11.

На стартот од вториот дел Металург со низа од грешки им дозволи на ракометарите на Извиѓач по пет минути игра да израмнат на 16:16, а потоа и да поведат.

Петнаесетина минути пред крајот на мечот македонските ракометари израмнија и во неколку наврати се обидоа да направат резултатски пресврт, но гостите од Босна и Херцеговина не дозволија да бидат изненадени и натпреварот заврши нерешено 27:27.

Металург има три порази и едно реми сезонава во СЕХА лигата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...