Мареј го одложува враќањето на терените

Поранешниот број 1 во светскиот тенис, Енди Мареј (Велика Британија) го одложи враќањето на терените поради проблеми по операцијата за замена на колкот, што му ја спаси кариерата минатата година.



Трикратниот Гренд слем шампион за последно играше на натпревар на „Дејвис Купот“ во ноември, а на крајот на декември изјави дека не е доволно добар и ќе го пропушти Австралија опен, кој почнува на 20 јануари, но се надева дека ќе може повторно да игра во февруари.

– Ова отекување одзеде подолго време да се лекува од планираното, така што нема да учествувам на турнирите во Монпелје и Ротердам во февруари. Не сакам да брзам. Ќе го слушам моето тело и ќе се вратам на теренот кога ќе дојде време, изјави 32-годишниот Шкот за Би-Би-Си.

Мареј претрпе операција за замена на колкот во февруари минатата година, по што се врати во игра на двојки во јуни. Во август ја обнови кариерата во сингл, учествувајќи на шест турнири до крајот на сезоната и освојувајќи ја титулата во Антверпен.

Британецот е на 127-то место на светската АТПлиста во моментот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...