Мареј ја донира заработката за децата во Украина

Поранешниот светски рекет број 1, британскиот тенисер Енди Мареј, објави дека парите што ќе ги заработи од наградните фондови на турнирите на кои ќе настапи до крајот на сезоната ќе ги донира за Украина преку УНИЦЕФ.



– Целата моја парична награда до крајот на годината ќе ја донирам. Меѓутоа, сите жители на Велика Британија, исто така, можат да ја поддржат хуманитарната акција на УНИЦЕФ така што ќе одговорат на нашиот повик за донации, објави синоќа трикатниот освојувач на грен – слем турнири.

Високиот комесаријат за бегалци соопшти вчера дека повеќе од два милиони луѓе пребегнале од Украина како последица на руската инвазија, а меѓу, според податоците на УНИЦЕФ, се наоѓаат стотици илјади деца.

– Повеќе од 7.5 милиони деца се наоѓаат во опасност поради ескалацијата на судирот во Украина и затоа соработувам со УНИЦЕФ за да можам да помогнам и испратам медицинска помош и да го помогнам развојот во раното детство, соопшти Мареј.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...