ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РФМ ПИСМЕНО СЕ ОБРАТИ ДО СЕЛЕКТОРОТ НА ЖЕНСКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Вале назад со наредба, Савевски го напушти тренингот!





Претседателот на РФМ, Трифун Костовски, по неколкуте состаноци со завојуваните страни, односно Валентина Радуловиќ и Љубомир Савевски, реши директно да се вмеша во спорот и да "пресече".

Вчера беше објавена писмена наредба до селекторот Савевски итно да биде вратена Валентина Радуловиќ на тренинг и со тоа во комбинација за репрезентацијата, со констатација дека недоразбирањето кое го имаат е нивни/негов личен проблем. Савевски го прифаќа барањето на Костовски, меѓутоа работите нема да се одвиваат така како што се очекуваше. На вчерашниот тренинг Савевски одржа петминутен говор пред играчите меѓу кои беше и Радуловиќ и пред нив јасно го кажа својот став.

"Прифаќам Радуловиќ да биде назад во составот. Меѓутоа, ќе мора да ви се извини вас затоа што не беше на натпреварите и да ми се извини мене за се што беше кажано на прес-конференцијата. Тоа е единствениот услов под кој прифаќам целата оваа работа да ја надминеме. Над интересите на репрезентацијата не може да биде никој. Ни селектор, ни играч... и затоа во интерес на сите ова мора да се реши", рече Савевски.

Што се однесува до Валентина Радуловиќ, таа не сакаше да се извини, па Савевски го напушти синоќешниот тренинг на екипата на Кометал Ѓ. Петров.

По овие случки проблемот и натаму останува без решение. Прашањето и натаму е оставено отворено. Сега останува на претседателот на РФМ, Трифун Костовски, да ја убеди Вале јавно да се извини. Во спротивно јасно ќе му биде ставено на знаење на селекторот на сениорската селекција и тренерот на Кометал Ѓ. Петров, Љупчо Савевски, за неговиот статус во репрезентација и клубот.

Савевски вели дека размислувал долго за сето ова, но и дека нема друг избор во моментов. Воедно вели дека ќе ја почитува секоја одлука на претседателот на РФМ.

Инаку, проблемите почнаа откако Савевски ја отстрани/избрка Радуловиќ од тренинг поради недисциплина на тренинг. Веднаш потоа Радуловиќ и Платон организираа прес-конференција на која го нападнаа Савевески, за се што се сетија да го нападнат. И двете страни си најдоа свои сојузници во целата приказна, а случајот продолжи да се решава по состаноци. Ракометарките ја остварија својата цел, случајот доби публицитет, па мораше да реагира и претседателот на РФМ.

Во писмената одлука на Костовски не се споменува Анжела Платон. Савевски неколкупати јавно изјави дека повеќе не смета на нејзините услуги, па со оглед на тоа дека не се споменува, веројатно така и ќе остане.

А додека беа во ек овие проблеми македонската репрезентација одигра четири контролни натпревари, по две со репрезентацијата на Хрватска (два порази) и две средби со селекцијата на Србија (две победи). Од сето ова во прв план беше играта на сениорската селекција, а таа беше далеку подобра од она што сме го гледале во последните неколку години и на многу повисоко ниво иако на теренот беа главно ракометарки кои досега ретко добиваа шанса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...