ОД ШАМОНИ 1924 ГОДИНА, МНОГУ РАБОТИ СЕ СМЕНИЛЕ ВО ОЛИМПИСКОТО ДВИЖЕЊЕ

Зимските игри сe уште во сенка на постариот „брат"

Зимските олимписки игри сe уште ја доживуваат "судбината" на помлад брат на постарите и далеку попопуларните Летни олимписки игри. Додека Летните игри својата историја ја црпат од 1890-тите години и полетот пред новиот век инспириран од древните Игри во Олимпија, Зимските игри се формирани на темелите на Нордиските игри, кои почнуваат во 1901 во Шведска по иницијатива на Швеѓанецот Виктор Густаф Балк, еден од основачите на олимпиското движење. По вклучувањето на лизгањето и хокејот на мраз на Летните игри, како "придружен" елемент на ЛОИ во 1924 година во Париз, се одржува "Интернационалната зимска спортска недела" во Шамони, која од тогаш се смета за прва Зимска олимијада по одличната организација.

Сент Мориц во Швајцарија ги доби вторите Игри, кои се одржаа во 1928 година, на која ѕвезда стана Норвежанката Соња Хение во уметничко лизгање, која 74 години беше најмлада олимписка шампионка со 15 години.

Следните Игри имаа друг проблем - се одржаа во Лејк Пласид, САД, пат што беше прескап за многу натпреварувачи во Игри организирани во економска криза. Последната предвоена Олимпијада беше во Гармиш-Партенкирхен, што беше за последен пат Зимските игри да се одржуваат во иста земја како Летните.

НОВ СТАРТ СО НОВИ ПРОБЛЕМИ

По Втората светска војна, Сент Мориц доби втора шанса да биде организатор, најмногу бидејќи во 1948 година Швајцарија беше недопрена од военото разурнување. Осло ги доби Игрите во 1952 година, кога се организираше првото поминување на олимпискиот оган, кој беше запален во домот на скијачкиот пионер Сондре Нордхајм.

Во 1956 година, ТВ камерите конечно пристигнаа на Зимските игри во Кортина Д'Ампецо, а уште поважно деби имаше и тимот на Советскиот Сојуз, кој веднаш освои најмногу медали. Американците добија прва шанса да ги комерцијализираат Игрите во малиот Скво Вели во САД, каде што градот се изгради за време на Игрите, а Свеченото отворање и затворање беа под палка на Волт Дизни.

ПРВИТЕ ВИСТИНСКИ ЗИМСКИ ЅВЕЗДИ

Инсбрук во Австрија ги доби Игрите во 1964 година, кои иако се одржуваа на Алпите, топлото време направи многу проблеми и австриската армија интервенираше со носење снег и мраз (слично како во Ванкувер). Советската ѕвезда Лидија Скобликова стана првата жена која победи во сите 4 трки во брзото лизгање. Во 1968 година, Гренобл во Франција ги имаше првите ЗОИ кои беа пренесувани во боја и Французите го добија генијот Жан-Клод Кли, кој победи во сите алпски дисциплини. Организациониот комитет ги продаде правата за ТВ пренос за тогаш фантастични 2 милиони e.

Зимската Олимпијада првпат ја посети Азија во Сапоро во 1972 година, кога главната тема на разговор беше професионализмот на спортистите. Австриецот Карл Шранц беше исклучен поради тоа што земал пари на скијачки камп во САД.

Во 1976 година Игрите се вратија во Инсбрук, откако Денвер во САД се повлече од организацијата поради преголеми трошоци. САД добија втора шанса во Лејк Плесид во 1980 година, кога Ерик Хајден победи во сите лизгачки дисциплини, а Американците го добија своето "чудо на мраз" откако колеџ-играчите ги совладаа моќните Совети на патот до хокеарското злато.

МОДЕРНИЗАЦИЈА И КОМЕРЦИЈАЛИЗАЦИЈА

1984 година Олимпијадата дојде во нашата поранешна земја Југославија, кога Сараево ги организираше според многумината Зимските игри кои долго ќе се паметат. Вистинска ѕвезда на Игрите стана лизгачката од Источна Германија, Катарина Вит.

Во 1988 година Канада ги доби првите Игри во Калгари, каде што Мати Никенен победи во сите натпревари во скокови, додека Алберто Томба победи во велеслаломот и слаломот. Јамајканскиот боб тим предизвика огромно внимание и дури инспирираше еден холивудски филм.

Во 1992 Игрите последен пат се одржаа во иста година како Летните, откако Албервил беше домаќин, а германскиот обединет тим доминираше. Во 1994 година Норвешка доби шанси да биде домаќин, а во 1998 година во Нагано за првпат се натпреваруваа над 2.000 спортисти. Херман Маер стана ѕвезда прво со легендарниот пад во спустот, а потоа со златото во супер-џи, додека во првиот хокеарски турнир со НХЛ ѕвездите, Чешката Република стигна до неочекуваното злато.

Солт Лејк Сити во 2002 ги доби Игрите по серијата скандали отколку потплатувањето на членовите на ИОЦ, а работите се искомплицираа кога тоа стана првото големо натпреварување по терористичките напади во САД во 2001. Канада конечно по 50 години пауза стана олимписки шампион во хокеј, додека Австралиецот Стивен Бредбјури го освои првото злато за земја од Јужната Хемисфера.

Италија доби втора шанса во Торино пред четири години, кога освен големите скандали со допингувањето на спортисти, Германците имаа свои Игри освојувајќи 11 злата и 29 медали совладувајќи ги Норвежаните во "нивните" нордиски трки.


I Олимписки Игри 1924 Шамони (Фра)

II Олимписки Игри 1982 Сент Мориц (Шва)

III Олимписки Игри 1932 Лејк Пласид (САД)

IV Олимписки Игри 1936 Гармиш-Партенкирхен (Гер)

V Олимписки Игри 1948 Сент Мориц (Шва)

VI Олимписки Игри 1952 Осло (Нор)

VII Олимписки Игри 1956 Кортина Д'Ампецо (Ита)

VIII Олимписки Игри 1960 Скво Вели (САД)

IX Олимписки Игри 1964 Инсбрук (Авт)

X Олимписки Игри 1968 Гренобл (Фра)

XI Олимписки Игри 1972 Сапоро (Јап)

XII Олимписки Игри 1976 Инсбрук (Авт)

XIII Олимписки Игри 1980 Лејк Пласид (САД)

XIV Олимписки Игри 1984 Сараево (Југ)

XV Олимписки Игри 1988 Калгари (Кан)

XVI Олимписки Игри 1992 Албервил (Фра)

XVII Олимписки Игри 1994 Лилехамер (Нор)

XVIII Олимписки Игри 1998 Нагано (Јап)

XIX Олимписки Игри 2002 Солт Лејк Сити (САД)

XX Олимписки Игри 2006 Торино (Ита)

XXI Олимписки Игри 2010 Ванкувер (Кан)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...